По десетти пат од почетокот на војната во Украина, Росавијација ја продолжи забраната за летови на 11 аеродроми во централна и јужна Русија. Ова го објави Медуза.
Станува збор за ограничување на летовите до аеродромите во Анапа, Белгород, Брајанск, Воронеж, Геленџик, Краснодар, Курск, Липецк, Ростов-на- Дон, Симферопол и Елиста.
На авиокомпаниите им се препорачува да ги користат аеродромите во Сочи, Волгоград, Минерални Води, Ставропол и Москва за превоз на патници до овие градови.
Забраната беше воведена на 24 февруари, првиот ден од руската инвазија. Сега Росавијација го продолжи до 1 мај.