На 21 април во Владивосток пристигнаа 308 депортирани жители на Мариупол, од кои 90 беа деца.
Извор: Советник на градоначалникот на Мариупол Петр Андриушченко на Телеграм Цитат на Андриушченко: „Луѓето беа сместени во училишта и хостели. Планирано е дополнително сместување во различни населби во Приморски крај.
“Наместо топлото Азовско Море и убавата клима на Украина сега се во депресивни региони на Русија“.
Детали: Тој се осврнува на изјавата на Русите кои известуваат за „тешкотии со рускиот јазик“ за децата од Мариупол, па тие ќе имаат дополнителни часови.
Превод: Жорж Димовски