ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СОНК на нова средба попладнево во Владата во обид за договор

April 25, 2022 15:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставници на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) предводени од претседателот Јаким Неделков во 16 часот ќе имаат средба во Владата во обид за договор за нивните барања од кој ќе зависи и прекинувањето на штрајкот во училиштата и градинките почнат на 11 април. Неделков за МИА потврди дека во Владата ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе присуствува и директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE)  Сузан Флокен.

Неделков денеска на прес-конференција најави дека можеби попладнево ќе има средба со Владата, меѓутоа, рече, и доколку има средба, мали се изгледите дека може вечерва нешто да се случи за носење нова одлука и сѐ поизвесно е дека утре ќе продолжи штрајкот, но, сепак, како што рече, јавноста вечерва ќе биде информирана.

СОНК на 20 април ги отфрли заклучоците на Владата од нејзината седница претходниот ден и најави дека штрајкот во училиштата и градинките ќе продолжи сѐ дотогаш додека  со МОН и МТСП не биде потпишана спогодба со која ќе бидат опфатени сите спорни прашања. Неделков тогаш повика на интензивирање на преговорите со конструктивни предлози за  час поскоро, како што рече, да се усогласат ставовите.

-Советот на СОНК констатира дека заклучоците на Владата не водат кон решавање на несогласувањата помеѓу СОНК, МОН и МТСП односно со Владата. Овој став се темели врз огромниот број дискусии на членовите на Советот, каде што без исклучок се констатира дека со заклучоците на Владата се врши силен притисок врз штрајкувачите… Понудените 10 проценти зголемување на платите во градинките, основното и средното образование по ребалансот на буџетот се „бетонираат“ со заклучокот на Владата и не се остава дополнителен простор за преговори по ова прашање, рече Неделков во средата.

СОНК преговара од март со Владата за исполнување на нивното барање за зголемување на платите за 18,4 отсто во дејностите што ги покрива СОНК – образование и детска заштита. Бара усогласување на платите со миниманата плата, која од минатиот месец е зголемена од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места. /МИА/

Next Post

На 119 години почна најстарата жена на светот

Најново

Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис – 28 април: Продлабочување на ефикасноста и зацврстување на здравите навики

April 27, 2026

Вајц вели земјава не постигнала никаков напредок во реформите во последната година, според Мицкоски нема таков извештај од ЕУ

April 27, 2026
Форо: Скриншот, видео Ројтерс на ФБ

NBC News со анализа за теориите на заговор по нападот во Вашингтон

April 27, 2026

ССМ со петта Синдикална академија: Зајакнување на работничката борба во пресрет на големиот јубилеј

April 27, 2026
Брифинг на Венка Филипче

Филипче: Никогаш и никаде не кажавме дека ќе го напуштиме Собранието, тоа е само спин на премиерот

April 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk