Во центарот на Лвив се појави „Ѕид на спомени“ во чест на Украинците кои загинаа во војната што Русија ја води против Украина, пишува „Тhe Odessa Journal“.
Ова е инсталација составена од фотографии на возрасни и деца од цела Украина кои загинале за време на актуелната војна од рацете на руските окупатори.
Сите се приближуваа до „ѕидот“ и ставаа цвеќе за спомен.
Настанот го организираше Лео Сото, Американец од Мајами, Флорида, кој дојде во Украина специјално со оваа намера. На интернет пронашол фотографии од мртвите, ги испечатил и ги ламинирал, купил и цвеќе.
Сото е основач на Фондацијата “Ѕид на надежта“ непрофитна организација која е основана по трагедијата во Сурфсајд на 24 јуни 2021 година, кога се урна куќа, при што загинаа 97 луѓе.
Во чест на овие жртви, Лео создаде споменик кој му додаде лица на безличниот број на жртви.
Ја видов моќта на овие спомениците – раните на заедниците почнаа да зараснуваат – тоа е начин да се додадат лица кон безличниот број на жртви. Многу често, луѓето се рамнодушни кон бројките кога ќе слушнат, на пример, „Пет лица загинаа“. Тие не сфаќаат дека пет семејства страдаат сега, истакна Лео Сото.
„Значи, ова е начин да им се оддаде почит на убиените луѓе и да им се даде место каде што ќе бидат почитувани и сакани“, изјави Сото за TSN.ua.
Инаку, Лео во Вроцлав. Полска одржа слична акција во чест на паднатите Украинци.
превод: Жорж Димовски