Бесмислени се тврдењата дека коронавирусот е создаден во Украина, па донесен во Вухан под закрила на НАТО

Тврдењето дека во Украина постојат лаборатории финансирани од САД во кои се произведуваат патогени се турка од Русија уште од 2020 година. Тогаш медиумите блиски до Кремљ се обидоа да ја обвинат Америка за ковид пандемијата, сугерирајќи дека вирусот е создаден во лаборатории. Наспроти ваквите тврдења, тајната служба на Украина издаде соопштение во кое ги упатува политичарите да престанат да шират дезинформации за постоење на ,,американски воени биолошки лаборатории во Украина”.