ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Саем на книга од 3 до 9 мај, најавено учество на над 60 издавачки куќи 

April 28, 2022 15:25
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Над 60 издавачки куќи од земјава, како и од Турција, Србија, Косово и Албанија ќе се претстават на годинешното 34-то издание на Саемот на книга што ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ од 3 до 9 мај. Фокусот годинава е ставен на детската литература односно на привлекување на најмладите читатели.

На Саемот оваа година ќе се реализираат средби со автори, но и голем дел на промоции и попусти. Сите значајни издавачки куќи ќе се претстават со своите најнови наслови – изданија за 2022 година.

Како што информираше на денешниот брифинг извршната директорка на Саемот на книга, Даниела Глигорова, освен редовниот термин на одржување, се очекува годинава на да се вратат и групните посети за учениците од средните и основните училишта на државата.

-Во принцип Саемот на книга не замре, дури ни во пандемија кога не се одржуваа настани, и тоа најмногу благодарение на издавачите, но и благодарение на Министерството за култура кое во континуитет го поддржува Саемот на книга. Истовремено тие две години Саемот се одржуваше на отворено затоа што рестриктивните мерки не поддржуваа поинаков начин на одржување. Оваа година го враќаме Саемот во пролетниот термин, термин кој Саемот го држи изминативе 34 години, и кој што е најверојатно и најпогоден за одржување на оваа манифестација, рече Глигорова.

Таа напомена дека како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите. За време на Саемот, како што рече, ќе бидат организирани и работилници и промоции на нови изданија за деца.

Исто така, по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, на Саемот ќе се одржи промотивен настан насловен „Македонски книжевни класици – Подарок за поколенијата!” кој е најавен за во 19.00 часот во промотивниот центар во арена „Борис Трајковски“. Настанот е во организација на „Арс Ламина“ – Скопје.

На промотивниот настан ќе се даде осврт на најзначајните творци на македонската книжевност Блаже Конески, Петре М. Андреевски, Оливера Николова, Ѓорѓи Абаџиев, Димитар Солев.

Во седумте саемски денови ќе се одржат повеќе од 30 промоции на нови изданија и автори во Промотивниот центар, а ќе има гостувања и на странски автори.

Ќе бидат доделени и наградите на Македонска Асоцијација на издавачи (МАИ).

Значајно претставување оваа година ќе има Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот Културен Центар „Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со уметници и автори од оваа земја.

Како што додаде Глигорова, електронските билети за Саемот можат да се купат преку веб страницата „www.karti.com.mk“ кои се достапни веќе од вторник, 26 април, а за време на Саемот билети ќе можат да се купат и на билетарата на арена „Борис Трајковски“.

Саемот на книга е под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Next Post

СЗО ќе ги зголеми членарините од 2024 година како дел од реформите

Shortcut

Најново

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk