ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Џугуманов: Странски центри се обидуваат да влијаат врз младите во регионот и да ги радикализираат и поларизираат

April 28, 2022 16:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Балканот има зголемено влијание од трети земји и центри кои ги користат емоциите поврзани со пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина, во насока на создавање нестабилност, изјави за МИА генералниот секретар на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Илија Џугуманов, по завршувањето на дводневната Конференција за медиумска писменост и борба против лажните вести и дезинформации во Софија.

На конференцијата, која се одржа во рамките на проектот Генерација З во организација на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија и Атлантскиот клуб на Бугарија и со поддршка од американскиот Стејт департмент, присуствуваа 15 млади претставници од Северна Македонија и Бугарија.

Во изјавата за МИА, Џугуманов истакна дека ваквите конференции имаат за цел да ги натераат младите од двете соседни земји да ги препознаат лажните вести и да се спротивстават на кампањите за дезинформации.

– Младите денес споделуваат мемиња и преку нив може да се видат пораките кои се клучни во комуникацијата во е-просторот. Целта беше учесниците преку овој тип на комуникација да го видат влијанието на различни странски земји и центри врз младите во регионот и колку се тие радикализирани и поларизирани, во една или друга насока, во однос на различни општествени прашања поврзани со односите меѓу земјите од Западниот Балкан и опкружувањето, изјави Џугуманов.

Според него, ако за постарите генерации она што се пишуваше во медиумите или се кажувапше на телевизија беше крајната вистина, помладите веќе почнуваат да ги проверуваат информациите и фактите и сфаќаат дека преку социјалните мрежи може да бидат директно погодени од хибридни напади, што секогаш се организирани од земји, но и од поединечни групи или поединци, кои имаат посебни политички или бизнис интереси.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Џугуманов смета дека странски земји и центри ги користат проблеми и наместо зближување на двете општества, предизвикуваат поделби и спротивставувања меѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Треба да се вратиме на градењето добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија, а веројатно постарите луѓе не го разбираат присуството на кампањите за дезинформации и тие се и корисници на информации и предмет на информативни напади на лажни вести, изјави Џугуманов.

Според него, европските и атлантските интеграции можат да бидат мост за соработката меѓу Бугарија и Северна Македонија, а повлекувањето на бугарското ветото за старт на преговорите за членство на земјава ќе значат почеток на еден сериозен и долготраен процес во ЕУ.

– Европската Унија мора да биде мост на пријателство меѓу двете земји. За жал, опозицијата и во Северна Македонија и во Бугарија ја користи европската интеграција како негативна алатка во регионот, злоупотребувајќи ги стравувањата од пандемијата од Ковид-19 и руската инвазија на Украина. Во Македонија, по пандемијата и со ветото од Бугарија и војната во Украина, се отвори простор за манипулација, што влијае врз општеството и дополнително го поларизира, а тоа придонесува и за опаѓање на поддршката за ЕУ, смета Џугуманов./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Штрајкот во образованието ставен во мирување, учениците од утре се враќаат на училиште

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk