Ливерпул со задоволство може да соопшти дека Јирген Клоп потпиша нов договор со клубот, се вели во соопштението на Ливерпул. Договорт на Клоп со Ливерпул траеше до 2024 година, со новиот го продолжи за нови две години, што значи дека тој на Енфилд ќе остане до 2026.
Патувањето продолжува…
Помошниците-менаџери ја отсликаа „посветеноста на проектот на црвените“ и на шефот со тоа што и тие остануваат во Ливерпул.
„Да, ги имам покрај мене Пеп и Пит кои ги продолжија договорите и со тоа обезбедија дека ќе продолжиме да работиме заедно, беше неверојатно важно за мене и мојата одлука да потпишам нов договор.
Кажав дека има многу фактори кои влијаеа на мојата одлука да биде лесна, а продолжувањето на договорите на Пеп и Пит е еден од факторите. Масивен фактор.
Важно е да останат тука и да продолжиме заедно во нашиот проект. Тоа што тие му го даваат на клубот е бесценето!”, рече Клоп.
Ј. Ѓ.