ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Аналитичари: Само азилантот во Будимпешта на секој половина мандат организираше предвремени избори

April 29, 2022 18:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На Македонија не ѝ требаат предвремени парламентарни избори во време на економска, енергетска и здравствена криза, сметаат познавачите на политичките прилики во државата. На ист став се и партиите од парламентарното мнозинство, додека опозицијата упорно бара предвремени избори, пишува Слободен Печат.

– По правило, предвремените парламентарни избори секогаш претставуваат излез од политичката криза предизвикана како резултат на неможноста да се управува со земјата до крајот на нејзиниот мандат на една Влада. Но, во конкретната ситуација, кризата во која се наоѓаме е од економска природа, а тоа е повеќе како резултат на една поширока криза низ која денес светската економија минува, најголемата енергетска криза. Со оглед на тоа, јас сум скептичен за предвремени парламентарни избори, бидејќи и да има нова влада и мнозинство, нема лесно да ја подобри состојбата во која се наоѓаме. Од друга страна, веќе долго време ниту една Влада не успева да го заврши целиот нејзин мандат, изјави за „Слободен печат“ универзитетскиот професор Мерсим Максути.

Политикологот Благојче Атанасовски смета дека воопшто не се потребни предвремени парламентарни избори, не само во време на кризи, туку никогаш. Според него, еден добиен легитимен мандат на извршната власт треба да биде полн четиригодишен, од проста причина што за да се покажат видливи резултати од нечие управување, требаат години, па дури и четири се малку.

– За жал, кај нас предвремените избори станаа начин на владеење на поранешниот премиер, сега азилант во Будимпешта, кога на секој половина мандат се организирааа предвремени избори, само да се сосече во корен незадоволството на граѓаните од одредени политики и да се релегитимира власта. Изборите чинат многу пари, време и енергија и во изборна година сѐ е блокирано, а најмногу страдаат бизнисите. Одговорна власт и да знае дека сигурно ќе победи и ќе го обнови мандатот, не треба да оди на предвремени избори. Тие, според мене, се нужни само во краен случај, кога државата е исправена пред некои судбоносни моменти, а институциите на системот се парализирани и нефункционални, па од тие причини е оправдан ставот за такви избори. Во овој момент не гледам дека државата е пред целосен крах, па за да е нужно да се релегимираат извршните институции на системот, изјави Атанасовски за „Слободен печат“.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера побара од премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедничка и јавна средба на која ќе разговараат и договорат датум за одржување предвремени парламентарни избори, кои, како што рече, би биле природно решение за „катастрофалните состојби во кои се наоѓа земјата“. Тој на Ковачевски му остави рок – до 10 мај да се изјасни, а доколку премиерот го одбие предлогот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека „ќе следат сериозни и досега непреземени чекори“.

На ултиматумот на Мицкоски експресно одговори Ковачевски, кој му порача на опозицискиот лидер дека „не прифаќа уцени, а уште помалку реагира на закани“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Мицкоски се загуби, манифестира немоќ и деструктивност

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk