Норвешка денеска го затвори единствениот граничен премин со Русија, јави норвешката телевизиска компанија НРК, повикувајќи се на шефот на Министерството за надворешни работи на земјата, Аникен Хуитфелд, пренесува Слободен печат.
Норвешката влада во соопштение објави дека почнувајќи од 7 мај, „ќе има забрана за пристанишни повици за бродови под руско знаме“, вклучувајќи комерцијални бродови, јахти, некои туристички пловни објекти и бродови за рекреација.
Поради специјалниот договор меѓу Норвешка и Русија за управување и зачувување на рибниот фонд во Баренцовото Море, забраната нема да вклучува рибарски бродови, бродови за пребарување и спасување или истражувачки бродови, се вели во соопштението.