ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи за 100 дена Влада: Се справивме со предизвиците и го заштитивме стандардот на граѓаните

April 30, 2022 15:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„100 дена Влада“ се одлична можност за прва проверка на сработеното и дали патеката по која одиме е планираната и претходно замислената и ветена пред граѓаните.Пред граѓаните треба да сме отчетни но и реални… овие 100 дена се веројатно едни со најголеми предизвици и вистината е дека и следните 100 дена, а и тие по нив, ќе треба и ќе се справуваме со истите.Важно е да се каже и сите да запаметиме, успешно се справуваме, кажа на денешната прес-конференција, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Тој посочи дека владата успеала да остане солидарна и никој да не биде изоставен како и да ја задржи стабилноста на економијата без да ги нарушиме нашите социјал-демократски вредности.

-Успеавме да ги задржиме нашите работници на своите работни места како и да ја одржиме ликвидноста на компаниите, односно економијата што се потврдува со остварените приходи на крај на февруари кога беа за 14% повисоки од истиот период лани, а на крај на март беа 16,86% повисоки од минатата година. Овој тренд се задржува и во април месец.Во 100 дена на оваа Влада ги започнавме со реализација на едно од нашите ветувања кон граѓаните, а тоа е покачувањето на минималната и просечната плата.Преку социјален дијалог, ја зголемивме минималната плата на 18.000 денари.80.000 наши сограѓани кои претходно добиваа по 15.200 денари, денес веќе имаат плата од 18.000 денари.Платите во јавниот сектор ќе го следат покачувањето на минималната плата согласно членот 8 од законот за минимална плата!Но ова истовремено мора и ќе значи и отворање на дијалогот и коренитите промени кои ќе носат продуктивност и ефикасност како и оптимизација на јавниот сектор, кажа Битиќи.

Тој потенцираше дека поради тоа што се започнати преговорите за потпишување на нов Општ колективен договор со кој ќе го утврдат усогласувањето на платите во јавниот сектор со минималната плата, истовремено ќе се отвори прашањето и конечно и дефинитивно ќе воведат реформи за рационализација и продуктивнос на јавниот сектор.

-Она е најважно во овој процес а да добиеме системско решение и да го решиме ова прашање, а не постојано да го реотвораме и да се купуваат политички поени со оваа тема, а е на штета на нашиот развој.Ако нешто потврдивме во овие 100 дена, тоа е дека дијалогот дава резултати.Преку дијалог дојдовме и до нова методологија за раст на пензиите, рече потпретседателот на СДСМ.

Тој појасни дека со новата методологија, по која ќе се прават усогласувања два пати годишно во април и во септември, предвидува при усогласувањето предвид да се земаат трошоците за живот со 50% и просечната плата со 50%. Ова е начин како да се обезбеди континуиран раст на пензиите во иднина, без потреба од дополнителна интервенција.

-Растот на стандардот на живот, на активните учесници на пазарот на труд (работниците) ќе носи пораст и на пензиите, што ќе значи релаксирани златни години за нашите пензионери.Зголемувањето на стандардот на живот на нашите граѓани е наш приоритет број еден!Но, во овие 100 дена паралелно се грижевме и на заштита на стандардот на живеење.За справувања со последиците од економската и енергетската криза, спроведуваме пакет од 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите.Ги намаливме ДДВ-то и акцизите за да ја задржиме цената на нафтата и нафтените деривати. Данокот на додадена вредност од пет отто го сведовме на нула отсто и ги ограничивме малопродажните и големопродажните маржи на основните прехранбени производи, со што успеавме да спречиме огромен раст на цените на основните производи, кажа Битиќи.

Next Post

Николовски: Сточарите да ја искористат поддршката за изградба на мандри

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk