ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадиновска-Стојчевска: Распределени се близу 10 милиони евра за инвестиции во културата

April 30, 2022 21:16
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова беа интензивни 100 дена и за културата, како и за целото општество. За жал, уште неизлезени од пандемиската криза, сите пропаднавме во безбедносна бездна која со себе ги повлече и уште повеќе ги нагласи и енергетската и економската криза” – истакна министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на форумот „100 дена од мандатот на новата Влада на Република Северна Македонија”, кој се одржа во Националната опера и балет.

Костадиновска-Стојчевска нагласи дека во фокусот меѓу останатите приоритети на Министерството за култура останува и заштитата на културното наследство, како и Курбиново и Стоби на кои продолжува работата со странска експертска помош, а подготвен е и проект од Смарт Култура со Албанија и Грција, кој наскоро ќе стартува.

Костадиновска-Стојчевска истакна дека продолжува и реализацијата на капиталните инвестиции за што се распределени близу 10 милиони евра. Се работи на изградба на нови објекти и реконструкција на стари како што се: Турскиот театар, Театар и библиотека во Тетово, Центри за култура во Куманово, Прилеп, Кочани, Гостивар, Стар Театар во Струмица, реконструкција на покривите на Музејот на современа уметност и Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, а во завршна фаза се и проектите за реконструкција на објекти на Музејот на Северна Македонија и на Мала станица. Костадиновска-Стојчевска информираше дека отпочна и првата фаза од целосната реконструкција на Музејот „ д-р Никола Незлобински“ во Струга.

Министерката за култура ги сподели и активностите во нормaтивниот дел, каде со јавната расправа за Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за авторско право и сродни права, се заокружува Предлог-текстот кој е усогласен со директивите на ЕУ и продолжува во владина и собраниска процедура за негово донесување.

„На барање на културната јавност, беше повлечен Предлог-законот за остварување на јавниот интерес во културата и беше формирана работна група која ќе работи на унапредување на Предлог-текстот, во насока на имплементација на забелешките и создавање на поволен амбиент за остварување на дејностите во културата” – рече Костадиновска-Стојчевска, реферирајќи за работата на Министерството за култура во првите 100 дена од новата Влада на Република Северна Македонија.

Next Post

Џафери: Постојано да се бориме за почитување на работничкиот труд и работничките права

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk