ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата

Сепак, глобално движење на населението се случува и не е проблем само на нашата држава, бидејќи секогаш постои предизвик кај младите лица да одат и да научат нешто плус, па потоа да се вратат во сопствената држава. Ние само треба да создадеме услови младите да се вратат дома и тука да ги формираат своите семејства, посочи Царовска

January 17, 2020 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

За заминувањето на младите од државата не е пресуден само животниот стандард, туку и целосниот квалитет на живеење. Треба да создадеме услови да ги вратиме младите и доколку излезат од државата и тука да ги создаваат своите семејства, порача вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска.

-Се обидуваме да ги подобриме условите за живот. Не само што растат платите, туку се подобруваат и условите за работа и демократските односи во државата. Тенденцијата на постојано инвестирање и создавање на услови за раст на луѓето и почитување на односите помеѓу институциите и односите меѓу луѓето и институциите ќе продолжи. Сепак, глобално движење на населението се случува и не е проблем  само на нашата држава, бидејќи секогаш постои предизвик кај младите лица да одат и да научат нешто плус, па потоа да се вратат во сопствената држава. Ние само треба да создадеме услови младите да се вратат дома и тука да ги формираат своите семејства, посочи Царовска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Таа нагласи дека многу од државите тоа веќе го покажале како систем и механизам на враќање назад по влезот во НАТО и Европската Унија.

-Не можете да спречите ни едно младо лице да има интенции или порив да види што се случува во западниот свет. Но, ако оваа држава создаде овде услови кои се потребни, а тоа е да создадеме квалитет на живеење, сигурна сум дека младите лица после тоа ќе останат тука, рече Царовска и додаде дека е против идеите за врзување на младите лица со договори да останат во државата доколку се вложени средства во нив и се обучени за некакви вештини.

Тоа, како што рече, е против уставно и значи ограничување на слободата на движење.

-Сметам дека секоја инвестиција во секој човек што ја прави државата, никогаш не може да биде на нејзина штета и на добробит. Токму затоа мерките за активно вработување дадоа зголемен број на вработувања зашто се адаптирани согласно потребите на младите лица и се креирани во соработка со бизнис секторот, рече Царовска.

За објавените огласи за вработување во јавните институции рече дека треба да се сме свесни дека секоја институција за да работи мора да има одреден број на вработени и додаде дека прво треба да се направи пресметка колкав бил бројот на вработени во 2019 година и колку се бара со огласите за вработување, бидејќи, како што рече, можат да течат огласи за продолжување на определени вработувања кои претходно биле поставени во друга форма.

За најавите од коморите за потреба од увоз на работна сила за дефицитарните работни места, вицепремиерката посочи дека треба прво да се направат анализи кои ќе покажат колкав потенцијал постои во државата за кои профили и со тоа да се излезе на пазарот на трудот.

-Сметам дека се уште во државата има човечки потенцијал кој не е искористен и не е ставен во функција. Првиот чекор е пасивните да ги направиме активни чинители во економијата, а понатаму е важно да се дискутира со сите засегнати страни за да се направи анализа дали има потреба да се донесе однадвор ако навистина посотои недостаток на одреден профил, потенцира Царовска.

Next Post

Унгарскиот кодош пак фатен во лага

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk