ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски: Изградбата на гасниот терминал во Александруполи е историски настан за регионот во областа на енергетиката

May 3, 2022 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Важноста на новиот терминал за течен гас (ЛНГ) во Александруполи за енергетска независност, ослободување од рускиот гас и диверзификација на изворите, ја истакнаа премиерите на Северна Македонија, Грција и Бугарија, Димитар Ковачевски, Кирјакос Мицотакис и Кирил Петков, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и првиот човек на Европскиот совет, Шатл Мишел, за време на свечената церемонија во грчкиот град, по повод започнување на реализацијата на изградбата на пловниот терминал за ЛНГ, јави дописничката на МИА од Атина.

Веднаш по поздравните обраќања премиерите на Бугарија и Грција го потпишаа Договорот за започнување на реализацијата на проектот.

Премиерот Ковачевски во обраќањето рече дека „ова е историски настан за земјите од регионот во делот на енергетиката“ и станува збор за проект за „долгорочна енергетска независност  за стабилно и постојано снабдување со течен гас во едно исклучително кризно време“.

Тој додаде дека користењето на нови извори на енергија и замената на јагленот со гас се нашите најважни стратешки интереси.

Грчкиот премиер рече дека присуството на балканските лидери на манифестацијата го претставува единството на Балканот, но и дека „нашиот полуостров може да има свое место во стратегијата за енергетска транзиција на целиот континент“.

Мицотакис истакна дека со овој, но и со други планирани проекти набргу ќе може рускиот гас да се замени со други извори, а конкретните земји може да имаат клучна улога на новата енергетска мапа.

Осврнувајќи се на присуството на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, Мицотакис рече дека тоа „ја симболизира европската димензија на овој проект“, кој е „со важен геополитички отпечаток“.

Мишел, од своја страна, рече дека новиот терминал нема да помогнеме само во енергетската независност, туку ќе придонесе во долгорочните цели за климатските промени, а овој проект испраќа јасна порака дека ја земаме судбината во наши раце.

– Не седиме и разговараме за стратешката автономија, туку сме активни, сите заедно, со нашите пријатели од Балканот сакаме да ја изградиме нашата заедничка иднина, рече Мишел.

Бугарскиот премиер Петков истакна дека е потребно земјите да работат заедно, потенцирајќи дека „економскиот притисок на Кремљ врз Бугарија и Европската унија нема да успеат“. Споменувајќи го денешниот настан како доказ за тоа, Птеков додаде дека Грција и Бугарија со поддршка на европските институции ги поставуваат темелите за интерконекторот меѓу двете земји што „ќе ја смени енергетската мапа на Европа“.

Претседателот на Србија Вучиќ се осврна на потребата за взаемна соработка, нагласувајќи дека со поддршка на ЕУ ќе земјите од регионот ќе успеат да ги надминат сите тешкотии.

Next Post
EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Анализа на ИПИ: Кремљ избриша и блокира најмалку 114 медиуми и веб-страници за вести

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk