Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територија на цела држава за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 114 возачи.
-Од нив, 60 не користеле заштитна кацига за време на возење, 30 возеле без возачка дозвола, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, информираат од МВР.
Од Министерството додаваат дека засилените акциски контроли продолжуваат во наредните денови и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај./МИА/