ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Нема договор за повисоки плати во Управата за водење на матични книги

May 5, 2022 18:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Независниот синдикат од Управата за водење на матични книги (УЗМК) не успеа да најде заеднички јазик со Министерството за правда за покачување на платите, изјави попладнево синдикалниот претставник Марјан Ристески, по средбата со министерот за правда Никола Тупачевски, јавува МИА.

– Се вадат со некои законски уредби, подзаконски акти. Ние им предложивме конкретно оваа категорија на вработени, Управата за водење матични книги да се исели од Министертсвото за инфорнматичко општество. Значи замислете, оваа категорија на вработени кои што работат со строго доверливи документи, ги ставаат во куп со цела администрација, со уште 10.000 вработени. Доколку се качела платата само на овие не можел да се крши законот. Ние им предложивме да најдат модус да се издвои оваа категорија од групата во која што се вработени и да биде посебна, дали како агенција, дали како управа, рече Ристески.

Преставникот на Синдикатот на УВМК, Тони Милошевски, по средбата наведе дека е прифатено да има унапредување на вработените, но не и усогласување за платите.

– Ние им кажавме дека ќе продолжиме со штрајкот. Нема да го ставиме во мирување. Значи продолжуваме со штрајкот. Сега утрешниот ден ќе видиме тие регулативи што ни ги кажаа, законски што не може и како можат да се донесат. Утре ќе имаме работна средба со Министерството и со Управата и ќе видиме до каде ќе одат работите и дали ќе се најде законски начин да може тие работи да се надминат и да се потпише колективен договор за да го прекинеме штрајкот, рече Милошовски,

Од Министерството за правда, пак, по средбата соопштија дека министерот Тупачевски им укажал на преставниците на Синдикатот да отпочнат со разговори за подготовка на нов колективен договор, кој ќе биде во согласност со Законот за административни службеници.

– При подготовката на Законот за административни службеници да се разгледа и прашањето за статусот на вработените во УВМК заради специфичноста на нивната работа. Вработените во Управата имаат можност да остварат и додаток на плата на административен службеник до 30 отсто согласно Уредбата на Владата за специфичност на работите и работните задачи заради зголемен обем на работа. На вработените во Управата ќе им бидат усогласени платите со Законот за минимална плата и Законот за административни службеници  Платата за април ќе биде со корекција на мартовската плата, велат од Министерство.

На средбата додаваат од таму, е договорено вакви состаноци и комуникации да има и во наредниот период, а во рамките на Управата да се разгледа можноста за интерни унапредувања, дополнителна мотивација на вработените, воведување на јубилејна награда, како и и подобрување на условите за работа.

Next Post

Ковачевски: Блокадата на Собранието е неодговорно однесување на Мицкоски

Shortcut

Најново

Мислете му ја!

November 17, 2026
Фото: Скриншот од Youtube/Google DeepMind

Вештачката интелигенција и роботиката: Светот отвора нови технолошки хоризонти

November 17, 2026

Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

November 16, 2026
NVIDIA (photo: Wikipedia)

Кризата во NVIDIA: Хуанг размислува за враќање, компанијата се соочува со безбедносни прашања

November 16, 2026
Роденденско утро со мирис на еспресо (фото: лична архива)

Вест стара 59 години

November 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сара е во болница, осомничениот на слобода: Институциите мора да одговорат на сериозните обвинувања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk