ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Деспотовски: Просечната нето плата во ТИРЗ ја надмина просечната нето плата во државата и изнесува 29 599 денари

May 6, 2022 12:45
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Просечната нето плата во технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ) лани била 29.599 денари што е три проценти повеќе од просечната плата во државата, а просечниот број вработени достигнал 13.650 за разлика од 2020 година кога бил 13.014, соопшти денеска директорот на Дирекцијатата за ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Презентирајќи ја годишната анализа за економските активности во зоните, Деспотовски информира дека вкупно исплатената државна помош за ТИРЗ лани била 731.842.688 денари, додека вкупните уплати од зоните во Буџетот изнесувале 1.958.029.059 денари од кои 167.403.585 денари данок на плати и надоместоци и 1.790.625.474 денари придонеси од задолжително социјално осигурување.

Вкупно 22 компании од ТИРЗ бележат зголемување на бројот вработувања, седум намалување, а пет се со ист број вработени. Во однос на приходите, 24 фирми евидентирале пораст, а осум пад.

-Задоволство ми е да ги презентирам бројките зашто пред овој мој мандат, поставивме јасна цел – преку новиот концепт за поттикнување инвестиции директно да се придоенсе за раст на стандардот на граѓаните. Прв пат во изминатите 15 години просечната плата во зоните ја надмина просената плата во националната економија. Растот на платите се должи на ангажманот на компаниите, веќе и има делумна промена на структурата на вработените, но се должи и на реализација на дел од новите инвестиции, на модифицирањето на мерката за креирање работни места која се врзува со одредено ниво на плати и пораст на плати, како и на можноста компаниите да користат поддршка за вештини на вработените, истакна Деспотовски на прес-конференција во Владата.

Според него, анализата покажува и дека 18 компании лани оствариле добивка, а 16 компании забележале загуби.

-Во 2020 година, добивка имале 15 компании, а со загуба работеле 18 фирми. Износот на нето добивката во 2021-ва бил 5.981.832.469 денари што е +10,86 проценти, додека во 2020-та изнесувал 5.395.836.520 денари или -23,13 отсто. Нето загубата лани била 1.623.827.245 денари или +2,26 проценти, а во 2020-та изнесувала 1.587.880.015 или +63,38 проценти, напомена Деспотовски, додавајќи дека вкупната актива во зоните лани била 102.350.007.121 денар што е раст од 7,14 отсто во споредба со 2020 година, но и пад од 2,02 процента во однос на 2019 година, рече Деспотовски.

Next Post

Денот на Европа годинава се одбележува под слоганот #ThinkForward

Shortcut

Најново

Мартин Тасевски

Пет празници ви се многу?

October 7, 2026

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026

Градот може да биде дом, но како?

October 5, 2026

БиХ по изборите: Додик ја задржува моќта, поделбите се продлабочуваат, европскиот пат останува неизвесен

October 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Отсуство на чувството за време

October 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Броила (фото: Електродистрибуција)

    ИНРМ против задолжителни паметни броила за сите домаќинства: Прво да се почитува законот, потоа нови трошоци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На која страна си ти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фон дер Лајен дојде и си замина: По комплиментите, условите останаа исти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk