ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Втор модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование

May 7, 2022 16:46
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Викендов се одржува вториот модул на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование во соработка со Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ).

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, вториот модул на Школата за политики го отворија проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование, советник на Претседателот за правни прашања и вонреден професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) во Северна Македонија.

– Учесниците на Школата за политики во рамки на вториот модул имаат можност да ги унапредат знаењата во областа на парламентарната демократија и претставничкото управување, функционирањето на Собранието на Република Северна Македонија, законодавната постапка и можностите за учество на јавноста во креирање на јавните политики, се вели во соопштението.

Во таа насока, беше одржана панел-дискусија на која учествуваа повеќе пратеници од Собранието на Република Северна Македонија, координатори на пратенички групи од власта, Јован Митрески од СДСМ, Арбер Адеми од ДУИ и опозицијата, Никола Мицески од ВМРО-ДПМНЕ и Артана Ќазими од Алијанса за Албанците, а обраќања на тема „Собранието како темел на парламентарната демократија“ имаа потпретседателот и генералната секретарка на Собранието, Горан Мисовски и Цветанка Иванова.

Со цел приближување на работата на Собранието до младата популација беше одржана и едукативна активност „Имам став!“, во која учесниците ја симулираа работата на законодавниот дом.

– Во текот на утрешниот ден, дебатата ќе биде фокусирана на перцепцијата на граѓаните за Собранието, квалитетот на парламентарната дискусија и колку истражувањето на јавното мислење влијание врз јавните политики. Предавање ќе одржи Влора Речица од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“, а професорот Александар Љ. Спасов ќе се осврне на политичкиот говор, неговата структура, содржина и изведба, се наведува во соопштението.

Целта на тренинзите во рамки на вториот модул е развивање на свеста кај младата популација за придобивките на демократијата, нивно поттикнување и подготовка за општествена и политичка вклученост и критичност.

Next Post

Николовски од Кавадарци: Историска поддршка за малите винарии, прифатеон 61 барање за грантот до 10.000 евра

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk