ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Брнз: Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ, се надевам на одлука во јуни

May 8, 2022 17:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на зачленувањето во Европската Унија и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно поскоро, а најавениот стратешки дијалог со САД е процес, кој е почнат уште поодамна и не претставува никаква замена за членството во Унијата, изјави денеска американската амбасадорка Кејт Мари Брнз.

Таа одговарајќи на новинарски прашање на отворениот ден за приказ на воздухоплови кој е дел од вежбата „Swift Response 22“ на спортскиот аеродром „Стенковец“, изрази надеж дека Северна Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговори.

-Сметам дека Северна Македонија ја одработи својата задача во однос на членството во ЕУ и сметам дека процесот треба да продолжи што е можно побрзо. Сакам да истакнам дека стратешкиот дијалог, кој го воспоставивме не претставува замена за членството во ЕУ, туку станува збор за унапредување на односите, кои досега сме ги имале, истакна Брнз.

Таа појасни дека зајакнувањето на соработката меѓу двете земји сега се одвива и во насока на тоа што Северна Македонија е полноправна членка на НАТО.

-Кажавме дека по зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, нашиот однос ќе се промени, затоа што станавме сојузници, седиме на иста маса, имам еден заеднички глас и се разбира нашата соработка еволуираше во таа насока, рече Брнз.

Стратешкиот дијалог почнува јуни во повеќе сфери – надворешната политика, економија, инвестиции, одбрана, а следната недела ќе биде дефиниран тимот на министри и експерти од земјава, кои ќе престојуваат во Вашингтон и ќе имаат таму состаноци на соодветното ниво.

Брнз нагласи дека идејата е на иста маса да седнат претставници од различни институции на Северна Македонија и САД и сето ова ќе преставува еден вид на билатерална соработка во конректни области, како енергетика, економија, екологија, техника, технологија, култура.

Премиерот Димитар Ковачевски претходно истакна дека стратешкиот дијалог се подготвува повеќе месеци наназад, практично со доаѓањето на новата Влада, МНР работело заедно со колегите од САД на конципирањето на формата на одвивањето на тој стратешки дијалог.

Ги наброја сферите на соработка, меѓу кои и енергетиката, а ја спомена и минатонеделната средба во Александрополи, напоменувајќи дека првпат ќе имаме тек на гас, којшто не е од исток кон запад, туку ќе биде од југ кон север.

-Таму практично својата стратешка поддршка ја дадоа и САД со присуство на сите амбасадори од регионот. Северна Македонија веќе направи закуп на количини во терминалот, нормално преку ЕСМ, а исто така ги имаме донесно потребните одлуки и обезбедено финансиските средства за учество во сопствеништво во самиот терминал Александрополи,  кое што нормално ќе зависи од акционерите коишто се веќе таму и нивната одлука да продадат дел од тие акции на Северна Македонија, истакна тој.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, потврди дека таа и министерот за надворешни работи Бујар Османи на 2 јуни заминуваат за Вашингтон, во делегацијата ќе бидат вклучени и членови на Владата од другите сегменти.

 

-Станува збор за континуитет на соработката помеѓу САД и Северна Македонија, во делот на одбраната. Тоа не е новина, напротив претставува континуитет на она што досега го работиме и соработуваме со нив. Се уште сме во очекување на деталите за темите за кои ќе се разговараат. Се подразбира таа моја посета на Вашингтон ќе биде искористена и за средби со дел од претставниците на Стејт департментот и Пентагон се разбира, додаде Петровска.

Next Post

Вицепремиерот Маричиќ во работна посета на Париз

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фотомонтажа Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 12 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk