ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Буџетот е во добра кондиција, интересите на граѓаните пред политичкото поентирање

До крајот на месецот, како што најави Ангеловска, треба да биде готова и платформата за јавен долг која ќе овозможи јасен преглед на целокупниот долг.

January 18, 2020 12:13
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска порача дека Буџетот е во добра кондиција и оти финансиите се стабилни. Апелираше до политичките субјекти да се однесуваат одговорно и интересите на граѓаните да бидат пред политичкото поентирање и медиумското внимание. На прес-конференцијата во Владата, Ангеловска рече дека реализацијата на вкупни приходи изнесува 97 проценти и оти се очекува и годинава да има одлична реализација на приходната страна, а редовно се сервисира и расходната страна, пренесе МИА.

Таа посочи дека ќе продолжи редовната исплата на пензиите кои ќе бидат и зголемени, а ќе бидат исплатени и повисоки плати во образованието и здравството. Старите долгови редовно ќе се исплаќаат, а аукциите на државните хартии од вредност се одвиваат согласно однапред утврдениот календар. Јавниот долг е стабилен и изнесува 47, 7 проценти.

До крајот на месецот, како што најави Ангеловска, треба да биде готова и платформата за јавен долг која ќе овозможи јасен преглед на целокупниот долг.

Според Ангеловска, со добра динамика се одвива и проектот за субвенционирање на платите, како и повратот на ДДВ кон фирмите. Само во првите 16 дена од месецов исплатени се 926 милиони денари поврат на ДДВ кон фирмите. Одлични резултати, како што рече Ангеловска, дава и мерката за поврат на ДДВ кон граѓаните. Нова исплата се очекува веќе следниот месец, а преку наградната игра која е надполнување на мерката, досега се доделени награди во вредност од 1,8 милини денари.

Соработката со заменичката министерка за финансии во техничката влада, Ангеловска ја оцени како професионална, коректна и на солидно ниво. – Имаме соработка во однос на проток на информации, рече Ангеловска.

Next Post

МЗШВ и МИОА со реакција за постапките на дополнителниот заменик министер за земјоделство Трипуновски

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk