ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Преку развојот на социјалните услуги на локално ниво, услугите ги приближуваме до граѓаните, во нивното место на живеење

May 9, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката Тренчевска денеска присуствуваше на работилницата „Развој на социјални услуги на регионално ниво“, организирана од Скопскиот плански регион и Програмата за развој на ООН, со цел поттикнување на дискусија и размена на искуства за креирање на успешни социјални планови на локално ниво, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Денешната работилница е седма тематска работилница од вкупно осум организирани во партнерство со сите плански региони.

Во своето поздравно обраќање министерката Тренчевска се осврна на започнатиот процес на Министерството за труд и социјална политика на реформирање на социјалната заштита, со цел реализирање на процесите на деинституционализација, децентрализација и плурализација во доставата на социјални услуги.

Новиот Закон за социјална заштита, во 2019 година донесе значителни новини на правата на парична помош, и тоа во однос на обемот, видовите, износите и критериумите за остварување на правата, како и за прв пат воведување и  класификација на видовите на социјални услуги, начинот, обемот, процедурите и стандардите за обезбедување на социјалните услуги и обезбедување услови за намалена зависност од институционална заштита.

Притоа, општините добија значително поважна улога за стратешко планирање и обезбедување на услуги преку општинските совети за социјална заштита и советите за социјална заштита на планските региони кои се веќе формирани во поголем дел од општините и планските региони.

„Со цел за воспоставување и развојот на социјалните услуги на локално ниво, Министерството за труд и социјална политика реализира  „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ со вкупен расположлив фонд од 10,8 милиони евра за периодот 2020-2024 година, обезбеден преку заем од Светската банка. Проектот се очекува да ја зајакне вклученоста на општините во планирањето, развојот и давањето на социјални услуги на локално ниво, преку лиценцирани даватели на услуги. Досега 18  даватели на социјални услуги добија лиценца/дозволата за работа, од кои 15 даватели на услугата за  помош и нега во домот, еден Центар за дневен престој на деца со попреченост, еден за Центар за активно стареење за стари лица и еден за советување. Кај овие даватели на  услугите ангажирани се 126 лица, кои даваат директни услугите за 279 корисници, од кои 189 се жени, “ истакна Тренчевска.

Во 2022 година, финансиската поддршка на новите сервиси, обезбедени од страна на Буџетот на МТСП, продолжи. Склучени се 7 управни договори со здруженија и приватни даватели на социјални услуги за давање на социјални услуги (лична асистенција, живеење со поддршка, третман и рехабилитација на лица кои имаат проблем со зависности и услугата за стручна помош и поддршка).

Министерката потенцираше дека во финална фаза е и Новата Национална програма за развој на социјалната заштита 2022-2032 година, со кој документ се содржани цели, приоритети и правци на развој на социјалната заштита, со мерки и активности на среден и долг рок за остварување на правата на парична помош и социјалните услуги, како и продолжување на започнатите процеси на плурализација, деинституционализација и децентрализација.

„Со поддршка на Швајцарската амбасада, УНДП останува посветен партнер на Министерството за труд и социјална политика во активностите за подобрување на квалитетот на живот на сите, а посебно на оние кои се исклучени од општеството поради сиромаштија, родова дискриминација, невработеност и недостаток на образование, “  истакна Армен Григорјан, Постојан преставник на Програмата за развој на Обединетите нации.

Со цел поголемо вклучување на локалните самоуправи и регионалните структури во планирањето и испораката на социјалните услуги, на крајот на месец април започнаа интензивни консултации во сите 8 плански региони во државата, кои се реализираат со поддршка на Канцеларијата на УНДП и Швајцарска агенција за развој и соработка (СДЦ) преку проектот „Креирање можности за работа за сите-Главна фаза“.

Next Post

Можни причини за „хроничната“ поспаност

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk