„Парламентот мора да работи, затоа ги повикав пратениците да бидат на ниво на задачата. Имаме 64 пратеници за да функционира. Прифаќам да има дискусии во домот на демократијата и да се унапредува сето она што стигнува таму како документ, но не смее да биде место за бојкоти, а знаеме дека парлементот го искористи оваа опозиција кога беше власт и за насилство.“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервјуто за телевизија Сител.
„Законите кои сега ни се суштински не се со европско знаменце, се знае точно кој закон може да биде означен како таков. Пратениците се избрани од народот, тие преставуваат граѓани, а не политички партии. Затоа и тие како и Владата мора да работат во интерес на граѓаните.“- дополни Ковачевски.
Д. Е.





