„Во моментов работиме на ребалансот на буџетот, завршена е расходната страна од Министерството за финансии и ќе има кратење на дополнителни 100 милиони евра непродуктивни трошоци“ изјави премиерот Димитар Ковачевски во Дневникот на Сител ТВ.
Тој додаде дека ова се дополнителна кратења на веќе предвиденото кратење на тековните расходи од осум проценти и дополнителните мерки за ограничување на трошоците за репрезентација и патувања.
„До крајот на мај треба да биде завршен ребалансот на Буџетот и ставен во собраниска процедура. Во моментов се разгледуваат опциите за покривање на дефицитот, бидејќи расте и цената на капиталот“ рече Ковачевски.
Тој додаде дека се разгледуваат сите опции и дека се водат разговори со цел обезбедување средства со најниска цена на капитал.
Д. Е.





