ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Армијата интервенираше за да спречи упад во резиденцијата на премиерот на Шри Ланка

Нападите врз антивладините демонстранти предизвикаа одиум на огорченост кај јавноста против владејачките политичари на SLPP и нивните поддржувачи, проследен со напади врз резиденцијални и деловни објекти и возила.

May 10, 2022 09:52
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот на Шри Ланка денеска ја напушти својата официјална резиденција во Коломбо, откако во неколку наврати армијата беше приморана да интервенира за да спречи насилен упад на антивладини демонстранти во комплексот.

Полицијата пукала предупредувачки истрели и употребила солзавец за да ги одврати демонстрантите од намерата да влезат во резиденцијата на премиерот.

Во немирите низ Коломбо целосно се опожарени повеќе од 70 станбени објекти, канцеларии, како и 150 автомобили на поранешни министри и пратеници на владејачкиот Народен фронт на Шри Ланка.

Премиерот Махинда Раџапакса вчера поднесе оставка на функцијата откако дојде до судири меѓу приврзаниците на владејачката партија Народен фронт на Шри Ланка (SLPP) со демонстрантите во Коломбо.

Демонстрантите повеќе од еден месец кампуваа пред канцеларијата на претседателот на државата Готабаја Раџапакса, барајќи негова, како и оставка на неговиот брат од премиерската функција.

Нападите врз антивладините демонстранти предизвикаа одиум на огорченост кај јавноста против владејачките политичари на SLPP и нивните поддржувачи, проследен со напади врз резиденцијални и деловни објекти и возила.

Според податоци на полицијата, од ескалацијата на насилствата вчера досега во немирите има шест жртви, а повеќе од двеста повредени.

Министерството за одбрана прогласи полициски час, а пратениците денеска треба да гласаат по изборот на нов премиер и составот на неговиот кабинет.

Шри Ланка е островска држава со околу 22 милиони жители, чие стопанство се соочува со криза и недостиг од гориво, храна и лекови. Властите во земјата се обидуваат преку нов договор со ММФ и дополнителна финансиска помош од Индија и Кина да ги реструктуираат огромните задолжувања на државата./MИА/.

Next Post

Руски новинари го нападнаа Путин на про-Кремљ информативен портал

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk