Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, извести дека вториот ден од работната посета на Париз го започнал со средба со вицепремиерката за надворешни политики за ЕУ интеграции и регионална соработка на Црна Гора, Јована Маровиќ.
„Црна Гора е наш важен регионален партнер на патот кон европската интеграција. Со колешката Маровиќ разговараме за европската агенда и регионалната соработка, потврдувајќи дека двете земји делуваме европски, цврсто чекориме на вистинскиот пат, а и иднината на двете земји е заедничка и иста, во Европската Унија. Северна Македонија и Црна Гора имаат одлични билатерални односи кои постојано се развиваат и усовршуваат, а соработката на полето на европските интеграции во следниот период ќе се интензивира. Од голема корист ќе бидат размената на искуства и добрите практики на Црна Гора во преговарачкиот процес“, објави Маричиќ.
Во дводневната работна посета на Париз, Франција, вицепремиерот се сретна со претседателот на Комитетот за Меѓународни прашања и одбрана, Кристиан Камбон, а учествуваше и на конференцијата Балкански дијалози, на тема: „Последиците од војната во Украина на евроинтеграцискиот процес.







