ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Собранието сè уште не го утврди дневниот ред на 71 седница

May 11, 2022 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието денеска продолжение на 71-та седница, за која сè уште не е утврден дневниот ред. И денеска, како и вчера, во Парламентот владее тензична атмосфера меѓу пратениците од опозицијата и претседателот на Собранието Талат Џафери. Опозициските пратеници го обвинија Џафери дека го толкува Деловникот како што сака и не им дава доволно време да ги образложат нивите предлози.

Тие повторно бараа нивните 10 предлог-закони да бидат ставени на дневен ред на 71 седница. Освен тоа, бараа и промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најадат меѓу првите точки за разгледување.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков побара на дневниот ред на седницата да биде ставен и Предлог-законот за стоковите резерви. Тој посочи дека со измена на Законот за стокови резерви, ќе се овозможи на Агенцијата за стокови резерви да располага и откупува оризот.

– Во ек е сеидбата на оризот, многу значајна земјоделска култура. Ни се заканува глобална прехранбена криза и редно време е да се почитуваат напорите на оризопроизводителите и оризот да биде додаден како култура од особен интерес за граѓаните како што се пченката, пченицата, јачменот, сточната храна и готварската сол, изјави Лефков.

Тој го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека грубо го крши Деловникот оти не им дозволува на пратениците потребното време за објаснување ниту пак истиот беше ставен на гласање.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски побара Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за надворешни работи да се најде на дневен ред на 71 седница.

– Предлогот, врз основа од вас испратена порака на 11.05, денеска, е доставен Предлог-закон за измени и дополнување на Законот за надворешни работи. Тоа е предлог закон којшто го доставивме јас и колегата Ковачки. Што значи дека предлог законот е преведен, доставен до пратениците и веќе е дел од собраниската постапка. И бидејќи вие сте не известиле дека овој предлог закон го имаат пратениците и во собраниска процедура, јас затоа ќе се јавам за дополнување на дневниот ред, рече Милошоски.

Тој, образложувајќи ја итноста на донесувањето на измените во законот, рече дека тие се потребни со оглед на тоа што се случуваат скандали со назначување на одредени амбасадори.

Милошоски посочи дека заедно со пратеникот Ковачки предложиле во Законот за надворешни работи да се додаде еден став којшто ќе каже дека излагањето на тезите пред Комисијата за надворешна политика во Собранието е задолжителен дел пред преземањето на амбасадорската должност.

Претседателот на Собранието даде еден час пауза./МИА/

Next Post

Дизелот поевтинува за 2,5 денари, цените на бенизните непроменети

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk