ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Петровска на Денот за високи гости на вежбата „Swift Response – 22“: Кога сте НАТО не сте сами

May 12, 2022 15:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ се реализираше Денот за високи гости на мултинационалната вежба „Swift Response 22“ каде беа презентирани воздухопловни десантни операции проследени со падобрански скокови, хеликоптерски и копнени активности на припадниците на армиите на САД, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Грција, Албанија и Република Северна Македонија, информираат од Министерството за одбрана.

Во рамки на денешната активност се обрати министерката за одбрана Славјанка Петровска која потенцира дека вежбата „Swift Response 22“ ги покажа своите капацитети за одлично планирање, тренинг и заедничко координирање и дејствување.

„Она што денес го видовме на кое што бевме сведоци не беше пркос на моќ и демонстрација на воена сила туку демонстрација на нашето единство обединетост, на нашето сојузништво. Војниците од aрмиите на Северна Македонија, Соединетите Американски Држави,  Обединетото Кралство, Франција, Италија, Шпанија, Црна Гора, Албанија и Грција покажаа што значи колективна подготвеност и совршена интероперабилност. Всушност ја пратија најважната порака: кога сте НАТО, не сте сами“, рече Петровска.

Во тој контекст Петровска додаде дека во НАТО Алијансата нема мали и големи, нема прв и последен, нема натпревар за елиминација, туку подарена рака и сојузничка поддршка.

Министерката Петровска во своето обраќање се осврна и на армискиот полигон „Криволак“ за кој нагласи дека нејзин личен приоритет ќе биде овој тренинг полигон да продолжи да се развива со што ќе придонесеме за силна Алијанса која е столб на нашите демократии.

„Тренинг центарот Криволак да продолжиме да го развиваме согласно потребите за обука и тренинг на припадниците на нашата Армија, но се разбира, тој ќе понуди и специфични сегменти за тренинг и обука кои ќе ги користат и нашите сојузници и стратешки партнери. Ова го гледам како уште една неверојатна можност за сите наши сојузнички земји и армии да ги зајакнат капацитетите на заедничка работа за уште подобро меѓусебно запознавање и создавање меѓусебна доверба која не остава простор за никаков сомнеж“, потенцираше Петровска.

На крајот од своето обраќање министерката Петровска упати благодарност до заменик-командантот на Армијата на САД за Европа и Африка, генерал мајор Питер Ендрузијак за напорите во организирањето на оваа вежба, до бригадниот генерал Николас Каули на Армијата на Обединетото Кралство, за неговата посветеност и посветеноста на неговите војници на оваа вежба, на сојузниците – Франција, Италија, Шпанија, Албанија, Црна Гора и Грција за нивниот придонес кон овој извонреден приказ на единство и сила, како и на бригадниот генерал Стивен Ламбрехт од Националната гарда на Вермонт, со кој ги очекуваме нашите следни соработки.

Заменикот командант на копнените сили на САД за Европа и Африка, генерал-мајор Петер Ендрусјак, во своето обраќање пред присутните кажа дека речиси 10.000 припадници на НАТО сојузничките сили, се вклучени во оваа вежба која симултано се реализира од Балтикот, Норвешка, и овде на „Криволак“ во Северна Македонија каде се случува и најголемиот дел од вежбата со најмногу припадници.

„Вежбите како Swift Response се од витално значење за нашата комбинирана подготвеност и интероперабилност – и не би биле успешни без силното партнерство што го имаме со нашиот доверлив сојузник во НАТО – Северна Македонија“, потенцираше генералот Ендрусјак.

Генералот Ендрусјак додаде дека со  ваквите вежби покажуваат дека силите на САД за Европа и Африка служат како стратешки безбедносен партнер во регионите на Балканот и Црното море и истовремено упати благодарност до сите сојузници учесници на вежбата и до граѓаните на Северна Македонија.

Во рамки на Денот за високи гости се обрати и командантот на борбениот тим на 16. Воздухопловна бригада на Обединетото Кралство, бригадниот генерал Николас Коули кој упати благодарност до нашата земја како одличен домаќин кој има одличен полигон за обука кој им овозможува да извежбуваат различни видови тренинг за да ја покажат својата подготвеност и да покажат дека се подготвени за НАТО предводени операции. Тој кажа дека за време на вежбата од исклучителна важност е тоа што работеле заедно со уште осум други НАТО земји, а со тоа  да покажат дека може да реагираат како НАТО за краток временски период.

На Денот за високи гости присуствуваа претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на армијата, Стево Пендаровски, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, пратеници од Собранието, амбасадорите на САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Грција, Шпанија, Албанија и Црна Гора, генералите во Армијата на Република Северна Македонија, високи воени и цивилни претставници на вооружените сили и министерствата за одбрана на земјите учеснички на вежбата и НАТО, одбранбени аташеи акредитирани во земјава и други гости.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Не е педагошки децата кои веќе ги посетуваат градинките да се отстранат од воспитните групи, велат од МТСП

НАЈНОВО

Обвинителката Бонди: Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк

September 16, 2025

(ВИДЕО) Кузеска: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

September 16, 2025

Започнува главниот дел од израелската копнена операција во Газа, САД го предупредуваат Хамас

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk