ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Победа на Украина на Евросонг 2022, „Калуш оркестра“ настапуваше со душа за својата земја

May 15, 2022 13:29
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

По пласманот како фаворити на првата полуфинална вечер, „Калуш оркестра“ победнички ја испеаја песната „Стефанија“ на вчерашното финале на 66-то издание на Евровизија каде се пласираа како победници со високи 631 поен, пишува МЕТА.мк.

Во знак на поддршка и солидарност кон моменталните воени случувања во Украина, беднот кому му беше дадена специјална дозвола за напуштање на државата на крај од настапот гласно ја поздрави својата земја и ја повика публиката за помош: „Ве молам помогнете и на Украина, помогнете му на Мариупол и на Азовстал сега!“

Инаку, оваа година со порака за стоп на немирите во светот најголемиот бенд на светот „Rockin 1000’“ сними специјална верзија на песната на единствената песна од Џон Ленон, „Дајте му шанса на мирот“. Изведбата беше моќна глетка за гледачите на најважната вечер на контекстот „Евросонг 2022“ поради меастралната изведба на многучлениот бенд на еден од големите плоштади во Торино, плоштадот Сан Карло по чие емитување во салата со пеење се приклучи присутната публика.

Второппласиран на вчерашното финале е британскиот пеач, Сем Рајдер чиј пласман се бележи како најдобар за Обединетото Кралство дури од 1988 година.

Со песната „Вселенски Човек“, Рајдер ги освои гласовите на жирито од каде доби 283 поени со што имаше значителна предност, но кога пристигнаа и гласовите на публиката според кои тој беше петтопласиран, заврши втор на големото финале на Евровизија 2022.

Сепак неговиот настап е голем успех, бидејќи од вкупно 25 држави пласирани во големата финална вечер, Обединетото Кралство велзе во најдобрите 10 по повеќе од 10 години и успеа да го освои второто место.

Третото место го освои Шпанија со песната „SlowMo“ во изведба на шпанската пеачка Шанел што можеше да се увиди веднаш по веселиот енергичен сценски настап.

Четвртопласирана заврши Шведска, односно Корделиа Џејкобс со песната „Држи ме поблиску“, додека петтото место го освои српската пеачка Констракта со песната „In Corpore Sano“ што заедно со песната „Умираме заедно“ на Аманда Грегријади Тенфјорд беа едниствените држави од Балканот што забележаа место во најдобрите 10 меѓу 25-те земји учеснички.

По победата на Украина на годинешното издание, се поставува прашањето каде ќе се одржува Евровизија следната година, бидејќи според правилото вообичаено домаќин е победничката земја, но постојат и исклучоци кога една земја може да ја преземе организацијата во име на друга како во 1980 година кога Холандија презеде откако Исланд одби.

„Ќе направиме сѐ што можеме за еден ден да го организираме евровизиското шоу во украинскиот град Мариупол. Слободен, со мир и повторно изграден!“, изјави претседателот на украинската држава по вчерашната победа на Украина, Володимир Зеленски.

Нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која во Торино настапи со песната „Circles“ и покрај одличната, емотивна изведба не успеа да се пласира во финалето.

Next Post

Маричиќ: Отпадот во Битола се преработува со европски пари, преку зелена економија ја чуваме животната средина и создаваме работни места во Северна Македонија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk