ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНА СТРАНА

Маричиќ: Отпадот во Битола се преработува со европски пари, преку зелена економија ја чуваме животната средина и создаваме работни места во Северна Македонија

May 15, 2022 13:50
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА СТРАНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЕУ за одржливо управување со органски отпад, бидејќи е важно прашањето за заштита на животната средина и е една од најсложените области во однос на усогласување со регулативите на Европската Унија, напиша Маричиќ на Фејсбук.

„Проектот Симбиозис отвори нова страница во управувањето со органскиот отпад во општина Битола, за која отпадот денес е ресурс, бидејќи започна со селективно собирање на органскиот отпад кој нема да го „фрла“ туку ќе го преработува, и од него ќе добие компост кој ќе го користи како ѓубриво во своите расадници и на јавните зелени површини, со поддршка од европските ИПА програми.

Следејќи го концептот Индустриска симбиоза, Симбиозис (2018-2020), не е само придобивка во заштитата на животната средина, туку дава и конкретни социјални придобивки за локалните заедници преку подобро искористување на био ресурсите од прехрамбената индустрија во корист на општествените активности и создавањето нови работни места, како и подобрување на соработката помеѓу секторите и бизнисите во прекуграничната област, а со тоа да се подобрат локалните економии и да се поттикне претприемништвото;

“Симбиотски мрежи за одржливо управување со органскиот отпад-Симбиоза“, е поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка “Грција – Поранешна Југословенска Република Македонија 2014-2020”, кофинансиран од националните фондови преку Министерството за Локална самоуправа, во вредност од 898.858,33 евра, а водечки партнер е ЈП КОМУНАЛЕЦ Битола.

Унијата не поддржува да ги постигнеме своите еколошки цели и постепено да ги подига на ниво на стандардите на ЕУ.

Вкупниот буџет на ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 изнесува 45.470.066 евра ЕУ и национално финансирање, а скоро половината, 22.735.032 евра се искористени во проекти од втората приоритетна оска – Заштита на животната средина-транспорт.

Нашиот ангажман, кога станува збор за постигнување на целите од Европскиот зелен договор, е клучен за процесот на европска интеграција и ќе придонесе за поефикасно користење на ресурсите.

Целта ни е транзиција кон чиста, кружна економија и мерките за запирање на климатските промени, истовремено обновување на биолошката разновидност и намалување на загадувањето, ќе ја поддржат економијата и ќе отворат нови работни места“, стои во објавата.

Next Post

Вучиќ: Размислувам за тројца, четворица мандатари

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk