Десет луѓе беа убиени за време на масовното пукање во саботата попладне во продавница за храна во Бафало, што претставниците на законот го опишаа како расно мотивирано злосторство од омраза, објави Вашингтон Пост.
Органите за спроведување на законот соопштија дека Пејтон Гендрон, 18-годишен белец, се приближил до продавницата во населба со претежно афро-американци и отворил оган врз купувачите и вработените, пукајќи во 13 лица, вклучително и чувар.
Масакрот заврши кога Гендрон и се предаде на полицијата пред продавницата. Подоцна во саботата, тој беше обвинет за убиство од прв степен и задржан без кауција. Тој се изјасни за невин.