ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Бектеши: Потпишана предлог одлуката за раскинување на договорот за рудникот „Иловица“

Министерството за економија постапило по ова решение и донело Одлука за едностран раскин на договорот, која што ќе ја достават до Владата.

October 2, 2019 13:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со  Еуромакс рисурсис за рудникот „Иловица“ и за неа ќе следи владина процедура, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Според него, решението на Второстепената комисија за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на бакар и злато на локалитетот Иловица во општините Босилово и Ново Село на Еуромакс рисусрсис е конечна.  Министерството за економија постапило по ова решение и донело Одлука за едностран раскин на договорот, која што ќе ја достават до Владата.

– Одлуката на Второстепената комисија е конечна. Како Министерство за економија сме постапиле по таа одлука. Јас бев на службено патување, вчера се вратив на работа. Веќе е потпишана предлог-одлуката за едностран раскин на договорот со Иловица и сега ќе оди низ владини процедури, преку Генерален секретаријат, преку соодветните комисии и потоа на седница на Влада, каде треба да се расправа и да се донесе соодветна одлука, изјави Бектеши, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој дополни дека многу внимателно ги следеле сите процедури и ги донеле сите претходни одлуки  со цел, како што рече, да не ја ставиме државата во незгодна ситуација, каде би можела да изгуби на арбитражен суд.

– Ние ги имаме нашите аргументи, другата страна секако има свои аргументи. Ако мислат дека би требало да одиме на некаков меѓународен суд, ние сме подготвени како држава и како Влада за да ги браниме нашите ставови, рече Бектеши, посочувајќи дека  Владата не носи емотивни туку одлуки во рамки на сите процедури и во рамки на Законот за минерални суровини поради што и малку се одолговлекла одлуката.

Владата на седницата од 25 јуни годинава го задолжи Министерството за економија да ја разгледа правната исполнетост на Барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина-бакар и злато на локалитетот „с.Иловица“ на Друштвото за производство, промет и услуги ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС ДОО Скопје и согласно законски определените услови, доколку се исполнети условите, со решение да го одбие барањето за издавање дозвола. Министерството за економија доби задолжение доколку се исполнети законските услови за одбивање на барањето за издавање дозволата до Владата да достави предлог-одлука за едностран раскин на Договорот за концесија.

Постапувајќи по овие заклучоци, Министерството за економија извршило увид во барањето и констатирало дека тоа барање заедно со приложената документација не се во согласност со закон и прописите, поради што донесе Решение за одбивање на барањето за издавање дозвола за експлоатација на 8 јули годинава.

Против ова решение концесионерот, во законски утврдениот рок, достави жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен при Владата на Република Северна Македонија. Постапувајќи по Жалбата против Решението за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација бр.24-3391/2 од 08.07.2019 година, второстепениот орган донесе Решение УП бр.0810-102 од 05.09.2019 година, со кое се одбива Жалбата како неоснована.

Од Министерството за економија велат дека до овој момент не е пристигната каква било тужба од правниот субјект.

Извор: МИА

Next Post

Бернс: Донираната опрема е чекор кон зајакнување на владеењето на правото

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk