ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Во Долно Блаце градиме училиште, од септември децата повеќе нема да учат во соседно Косово

May 19, 2022 13:09
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Од септември годинава децата на училишна возраст од селото Долно Блаце во општина Чучер Сандево повеќе нема да посетуваат настава во друга држава, односно во погранично место во Косово каде им е најблиското училиште, туку ќе учат во објект во нивното родно место кој сега го градиме и активностите се речиси завршени. Со оваа инвестиција ставаме крај на еден апсурд и на една неправда за наши ученици на кои државата треба да им обезбеди услови за настава, а не да ги приморува да учат надвор од нејзините граници, известуваат од Министерството за образование и наука.

Ова го изјави министерот Шаќири за време на денешната посета на населбата Барди во Долно Блаце каде со буџет од 4,7 милиони денари, од Министерството за образование и наука информираат дека се гради подрачен објект на основното училиште „Михал Грамено“.

Новиот објект со работа ќе започне од идната учебна 2022-2023 година и ќе значи решение на проблемите со кои се соочуваат децата од ова населено место кои со години посетуваат настава во училиште кое се наоѓа од другата страна на границата со Косово, поточно во  н.м. Хани Елези.

„Активностите привршуваат. Имаме договор со изведувачот на градежните работи според кој до крајот на овој месец, објектот ќе биде целосно изграден, а потоа ќе пристапиме кон внатрешното опремување. Од септември, дечињата од Барди ќе се радуваат на новите простории и на тоа што нема повеќе да патуваат преку граница, а родителите ќе бидат многу поспокојни“, рече Шаќири, кој беше во придружба на градоначалникот на општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ.

Изградбата на училишниот објект како соодветно решение за овој долгогодишен проблем, започна кон крајот на 2021 година, пишува во соопштението на Министерството за образование и наука.

Next Post

Ердоган останува против влезот на Финска и Шведска во НАТО

НАЈНОВО

МИА

Даме Димитровски избран за претседател на Советот на Град Скопје

November 7, 2025
МИА

Ѓорѓиевски: Со Градскиот воз, БРТ системот и ЈСП скопјани конечно ќе добијат ефикасен јавен транспорт

November 7, 2025

Берлин го повика Пјонгјанг веднаш да ги запре незаконските ракетни тестови

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу за изјавата на Мицкоски: Кој е пред, а кој позади – кажува Брисел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО и ФОТО) Спектакуларно започна ПР претставата „72 часа чисто Скопје“, во присуство на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk