Компанијата „Тесла“ ја објави официјалната дизајнерска скица на новиот компактен електричен автомобил и откри план за отворање на центар за истражување и развој во Кина.
„Тесла“ планира да изгради нов центар за истражување и развој во Кина, а објавена е скицата која го најавува првиот компактен електричен автомобил. Овој модел би требало да го пронајде своето место под моделот 3 на „Тесла“ и да претставува ривал на електричниот модел ID.3 на Volkswagen.
Компанијата овој пат ги поканува дизајнерите и инженерите да аплицираат за работа во новиот објект на „Тесла“ во Кина.
Основачот на „Тесла“, Елон Маск, за време на настанот на лансирањето на Model 3 и Model Y произведени во Кина, изрази желба да дизајнира електричен автомобил во Кина наменет за глобалниот пазар.