ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Истражување: Поларизираниот политички дискурс ги ослабува условите за политички дијалог

Ана Блажева од ИОХН-С презентирајќи ги резултатите од истражувањето на тркалезна маса насловена „Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми“ појасни дека со истражувањето се обиделе да покажат на кој начин токму зборувањето или говорот може да придонесе кон продлабочување и проширување на феноменот на поларизацијата (во најшироко смисла сфатена како спротивставени ставови во однос на одредени политички и општествени прашања и политики кои се исклучиви и непомирливи) и да ги истражат ефектите од политичкиот дискурс на партиите како тоа се прелева во јавниот говор на социјалните мрежи и како влијае на подлабока општествена поларизација.

January 20, 2020 14:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката поларизација во нашиот општествен контекст придонесува за ослабување и нарушување на условите за водење политички дијалог и е една од проблематичните точки што се одржува преу политичките партии, покажуваат резултатите од истражувањето „Поларизираниот дискурс и влијанието врз политичката и социјалната поларизација во македонското општетство“ спроведено од Институтот за општествени и хуманистички науки (ИОХН-С).

Ана Блажева од ИОХН-С презентирајќи ги резултатите од истражувањето на тркалезна маса насловена „Препознавање и ракување со радикално поларизирачки јавен дискурс: етички и практични дилеми“ појасни дека со истражувањето се обиделе да покажат на кој начин токму зборувањето или говорот може да придонесе кон продлабочување и проширување на феноменот на поларизацијата (во најшироко смисла сфатена како спротивставени ставови во однос на одредени политички и општествени прашања и политики кои се исклучиви и непомирливи) и да ги истражат ефектите од политичкиот дискурс на партиите како тоа се прелева во јавниот говор на социјалните мрежи и како влијае на подлабока општествена поларизација.

– Нашата анализа на официјалните дискурси на партиите покажа дека тие постојано инсистираат на ваков тип на политичка поларизација, односно дискурсиите на партиите се секогаш „ние“ кои сме секогаш вистинскиот народ, вистинските патриоти или вистинските морални и доблесни граѓани, наспроти „тие“ врз кои се проектираат и демонизираат најразлични потенцијални негативни карактеристики и се доживуваат како некаква закона. Со ваков дискурс политичките партии не само што ја овозможуваат општествената поларизација, туку на некој начин и го продлабочуваат јазот и даваат таква поларизирачка пракса да се користи и во јавниот говор, кој пак, најрадикално може да се следи преку говорот на омраза и на социјалните мрежи и медиуми, рече Блажева.

Како примери од социјална поларизација што ги анализирале во истражувањето таа ги посочи говорот на омраза по победата на „Вардар“, пеењето на химната или резултатите за Евровизија, но и други примери каде што целиот постоечки поларизирачки дискурс уште повеќе се радикализира. Од друга страна, пак, додава таа, тоа политичките партии ги спречува во политичкиот дијалог, па тие заради чистотата пред своите поддржувачи, се оневозможени да направат важни, крупни политички одлуки за заедничко добро.

Според Гордан Георгиев, координатор на проектот, целта на денешната дебата и наредните што ќе следат, е постојано да се држи оваа тема отворена, бидејќи е важно и граѓаните и јавноста да имаат предвид одредени практични и морални дилеми како би се справиле со постоечкиот радикален поларизирачки дискурс. Ова особено, вели Георгиев, во контекст на предвремените парламентарни избори, како и во очекување на дополнителна радикализација на јавниот дискурс помеѓу политичките актери, но и воопшто во јавниот простор.

На тркалезната маса на која како говорници се поканети новинари, беа презентирани и дискутирани ефективни алатки за воспоставување на норми и правила во контекст на радикална поларизација во општеството и се дискутираа модалитети за справување со растечката поларизација во општеството, улогата на медиумите во врамување на пристојноста на дискурсот, (де)конструкција на феноменот на политички непријател итн.

Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје со поддршка на фондацијата National Endowment for Democracy (NED) и Цивика Мобилитас веќе трета година спроведува проекти насочени кон деполаризација на јавниот простор, создавање на претпоставки за широко општествено помирување, како и зауздување на популистичките и илибералните напливи во македонското општество.

Next Post

Уништена е дел од опремата околу соларното дрво на кејот на Вардар

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk