ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Разрешен командирот на ПС Гази Баба, сексуално вознемирувал колешка

– При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот,но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка, се вели во соопштението на МВР.

January 20, 2020 15:09
in КРИМИНАЛ
Илустрација полиција

Илустрација полиција

Share on FacebookShare on Twitter

Kомандирoт на полициската станица од општа надлежност Гази Баба, при Сектор за внатрешни работи – Скопје, С.В (49) во текот на 2019 година во повеќе наврати, а последен пат на 07.11.2019 искористувајќи ја позицијата командир, сексуално вознемирувал полициска службеничка вработена во станицата со непристојни предлози кои на крајот резултирале со закана кон неа поради одбивање на предлозите.

До оваа констатација дојде Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација со СВР – Скопје по добиено известување за сексуално вознемирување, кој во минатиот период ги изврши потребните проверки и изврши службени разговори со инволвираните лица во случајот.

– При извршените контроли од страна на Одделот за внатрешна контрола, уште две други полициски службенички вработени во полициската станица Гази Баба пријавиле дека на ист начин биле вознемирувани од страна на командирот,но со оглед на времето поминато од случување на овие настани постои апсолутна застареност за донесување решение за изрекување дисциплинска мерка, се вели во соопштението на МВР.

Истакнуваат дека е констатирано оти на 30.05.2019 С.В командир на Гази Баба не постапил согласно планот за контрола на службите во ПСОН Гази Баба, а притоа не изготвил службена белешка во која ќе ги образложи причините поради кои не е постапено. Истиот ден според МВР, командирот без да извести некој од претпоставените, со службено возило се упатил во с. Брњарци каде се задржал неколку часа.

– Со овие дејствија С.В. командир на ПС Гази Баба сторил потешко кршење на работниот ред и дисциплина, согласно одредбите од член  208 ст. 1 точка 3,4,10 и 14 од Колективниот договор на МВР за што од страна на Одделот до Началникот на СВР Скопје е поведена иницијатива за поведување постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и отстранување од работното место до завршување на постапката”, информираат од МВР. Истовремено до ОЈО за ГОКК е доставено барање за координација за натамошно постапување.

Next Post

Шилегов: Легално во земјава не е внесен опасен отпад, но треба да се провери

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk