Поранешната независна група пратеници, кои гласаа за Преспанскиот договор со честитки за oдобрувањето на автокефалноста на МПЦ-ОА.
„Почитувани граѓани, во име на поранешната независна група, од срце Ви ја честитаме значајната вест која денес одекна од Република Северна Македонија дека МПЦ-ОА добива автокефалност. Овој сон конечно станува реалност и денешниот големпразник Св.Кирил и Методиј ќе го паметиме како историскиза православието и македонскиот идентитет.
Сите ние со гласот ЗА Преспанскиот договор имаме удел во ова што се случува денес и за вакви победи вредеше секоја жртва. Да се гледа кон иднината, не е секогаш едноставно, но само храбри одлуки носат промени кои биле долгогодишна желба. Само признаена држава, гордо и еднакво исправена до своите меѓународни партнери може да биде успешна приказна. Задоволство е што ставивме уште едно делче во мозаикот на македонските победи. Да ни се множат убави вести и заедно да им се радуваме“, се вели во соопштението на поранешната незљависна група на пратеници.