ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врховниот суд ќе расправа за првите пресуди на СЈО

Петте судии по реферирањето на предметите може да побараат дополнително време за да ги проучат списите. Потоа треба да одлучат дали да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра.

January 21, 2020 12:10
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По неколкумесечно одлагање, неделава двајца врховни судии се очекува да реферираат за два предмета од случајот на СЈО „Тенк“. Едниот предмет пред колегите ќе го изнесе судијата Ристо Катавеновски, а во него се бара највисокиот суд да ја преиспита двегодишната затворска казна за Никола Груевски, како и за поранешниот-помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, кој беше осуден на четири и пол години затвор, објави БИРН.

Адвокатите на Груевски, во барањето навеле дека Апелацискиот суд одлучувал за дело што застарело, односно дека апсолутната застареност настапила при телефонскиот разговор на Груевски со Јанкулоска, или при исплатата на „мерцедесот“, а не потоа. Ги оспоруваат и бомбите како доказ, а приговараат и на начинот на водењето на записниците и изведувањето на доказите.

Во вториот предмет за случај „Тенк“ за кој известител е судијата Џемали Саити, поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска бара да ѝ се провери законитоста на постапката и да ѝ се преиспита четиригодишната затворска казна. И во овој предмет обвинетата Јанкулоска преку нејзината адвокатка бара да се преиспита пресудата поради сторени повреди на законот и поради начинот на кој била водена кривичната постапка.

„Тенк“ е првиот предмет на СЈО за кој се преиспитуваат донесените правосилни пресуди.

Петте судии по реферирањето на предметите може да побараат дополнително време за да ги проучат списите. Потоа треба да одлучат дали да ги потврдат, преиначат или да ги укинат пресудите за набавката на „мерцедесот“ од 600 илјади евра.

Неколку дена пред Горданa Јанкулоска да отиде во затвор, највисокиот суд го одложи извршувањето на затворската казна додека нема одлука за пресудата. За Јанкулоска се водеше раздвоена постапка поради мајчинските обврски, а Груевски и Поповски беа осудени во мај 2018 година.

Од одлуката на Врховниот суд ќе зависи и продажбата на мерцедесот за купување амбулантни возила, најава што ја даде Зоран Заев. Возилото е сѐ уште гаражирано и го чека исходот  од последната правосудна инстанца.

Како што пишува БИРН, Груевски во ноември 2018 година кога требаше да се јави во затвор за издржување на казната избега во Унгарија. Ако Врховниот суд потврди, а до октомври 2024 година Груевски не влезе во затвор, ќе му застари затворската казна.

За случајот „Тенк“ на СЈО, во затвор е единствено Ѓоко Поповски. Во пресудата пишува дека поранешниот премиер Никола Груевски им влијаел на другите двајца обвинети, односно од Јанкулоска побарал МВР да купи „мерцедес“, а  таа пак го поттикнала Ѓоко Поповски да фаворизира еден економски оператор.

Next Post

ДИК се прогласи за ненадлежна за барањето на Чулев, го упати на Законодавно-правната комисија

НАЈНОВО

Книжевна вечер со Фросина Пармаковска во „Спона“

November 5, 2025
Скриншот

Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

November 5, 2025

Слот за победата над Реал: Ова е нашиот најдобар натпревар сезонава

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk