ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бислимовски: За да зборуваме за праведна транзиција треба пред да имаме домашни ресурси со кои ќе влијаеме на цените на струјата

May 27, 2022 14:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Верувам дека оваа година производството на електрична енергија ќе се стабилизира и ќе биде далеку повисоко отколку што беше во изминатиот период, бидејќи тоа е многу важно затоа што ако сакаме да зборуваме за праведна транзиција треба пред сè да имаме домашни ресурси за да влијаеме на цените на електричната енергија, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски.

На тркалезната маса „Преку праведна енергетска транзиција до одржлив раст и развој“ што се одржа денеска во Скопје во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Бислимовски истакна дека во последниов период, енергетиката како никогаш до сега го привлече целосно внимание на јавноста, имајќи го предвид постојаниот пораст на цените на електричната енергија, природниот гас и нафтата на берзите.

– Ако до пред некоја година енергетската транзиција беше еко-престижот кон кој се стреми секоја земја, денес во време во кое секоја држава во борба за поевтин киловат час повторно ги вклучува сите расположливи капацитети што ги има, вистинското прашање е како да се постигне поголема енергетска независност, што ќе ги заштити и граѓаните и нивниот стандард, рече тој.

Според Бислимовски, факт е дека ние како држава имаме проблеми со домашното производство на електрична енергија, која што е во постојан пад и ја отежнува целокупната ситуација. Како нешто што особено треба да се преземе во следниот период, тој ја посочи обврската на ЕСМ до крајот на годината да ги обезбеди потребите на домаќинствата 100 проценти, бидејќи, според него, тоа е најдобар начин веќепостоечката енергетска сиромаштија да ја одржиме на некое задоволително ниво.

Заменик министер за труд и социјална политика Енвер Хусејин, на настанот сподели повеќе социјални мерки кои се носат за намалување на енергетската сиромаштија во државава при што ја посочи и одлуката за определување на највисоки цени на основни прехранбени продукти на трговија на големо и трговија на мало, со што, како што рече, практично се спречи понатамошното зголемување на цените на овие производи.

На тркалезната маса учествуваат повеќе експерти од областа кои ги споделија своите мислења и перпораки во врска со праведна енергетска транзиција која овозможува одржлив раст и развој.

Настанот има за цел да промовира дијалог помеѓу сите засегнати страни на теми од релевантно значење за иднината на енергетскиот сектор во Република Северна Македонија, а притоа да даде осврт на социјалните и економските аспекти од енергетската транзицијата, кои се од огромна важност во период на економска, енергетска и безбедносна криза во Европа./MИА/.

Next Post

Ковачевски за Отворен Балкан: Бариерите паѓаат, а ние се поврзуваме побрзо

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk