ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателот Пендаровски ги прими учесниците на Третата НАТО Академија 2022

May 27, 2022 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими учесниците на Третата НАТО Академија 2022: Стабилни партнерства во неизвесни времиња – Северна Македонија во НАТО, која се одржува во организација на Евро-Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски ги запозна учесниците на академијата со неговите ингеренции, а на средбата се разговараше и за одбраната, безбедноста и за надворешната политика во контекст на нашите европски интеграции. Претседателот се осврна на руската инвазија врз Украина и на безбедноста на евро-атлантскиот регион, реафирмирајќи ја поддршката на Република Северна Македонија за Украина.

Според претседателот Пендаровски сојузништвото во НАТО ни овозможува размена на информации и комуникации за современите безбедносни закани, како и навремено реагирање и подготовки за справување со безбедносните предизвици.

Учесниците на Третата НАТО Академија 2022 за време на посетата на Кабинетот, присуствуваа и во просториите во коишто се одржуваат официјалните и работните средби, како и во салите за свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Од вработените беа запознаени и со историјатот на објектот во кој е сместен Кабинетот, како и со начинот на неговото функционирање.

Со студиската посета на Кабинетот на претседателот и официјално беше отворена Третата НАТО Академија 2022: Стабилни партнерства во неизвесни времиња – Северна Македонија во НАТО. Главна цел на Третата НАТО Академија е преку едукација да се засилат реформите и правната рамка во областа на безбедноста и одбраната на долг рок, како и да се креира платформа за дебата и дискусија.

Next Post

Соборот на Украинската православна црква прогласи целосна независност

Shortcut

Најново

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

34 Години Армија на Република Северна Македонија: Традиција, чест и колективна безбедност

August 18, 2026
Снимка од експлозија што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk