ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски: Отворањето на претставништво на Европската инвестициска банка е силна поддршка за економскиот развој на државата

May 30, 2022 19:12
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше и се обрати на церемонија по повод отворањето на претставништво на Европската инвестициска банка во нашата држава. На церемонијата присуствуваа вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова и Девијд Гир, амбасадор на ЕУ.

Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:

„Сметам дека овој чин е силна порака и признание од Европската инвестициска банка за Република Северна Македонија и нашите заложби во врвот на своите приоритети да ги ставиме енергетската транзиција, заштитата на животната средина, одржливиот транспорт, локалниот економски развој и приватниот сектор.

Изминатиот период сме силно фокусирани на создавање на енергетска независност на земјата, подобрување на инфраструктурата за подобро и побрзо движење и поддршка на компаниите кои се моторот на економскиот раст на Република Северна Македонија.

Како добро воспоставен и доверлив партнер за земјата, сега со непосредното присуство со канцеларијата на Европската банка во главниот град на нашата земја, ќе се воспостави директна комуникација со Европската Комисија во реализацијата на клучните проекти кои се остваруваат со финансиската поддршка на банката на Европската Унија.

Претставништвото на Европската инвестициска банка во Скопје има за цел да ги забрза и новите иницијативи и ќе ја подобри идентификацијата, подготовката, обезбедувањето финансирање и извршувањето на проектите според најдобрите практики.

Европската инвестициска банка е активна во Северна Македонија од нејзиното основање во 1991 година. Преку оваа банка се обезбедени финансии за поддршка на клучни инфраструктурни проекти, за развој на локални заедници, како и за поддршка на малите и средни претпријатија.

Во овој период Европската инвестициска банка обезбеди 1 милијарда евра за поддршка на социо-економскиот развој во процесот на пристапување нашата земја во ЕУ преку финансирање на мали и средни претпријатија, на транспортни, енергетски и на комунални инфраструктурни проекти.

Во моментот преку Европската инвестициска банка, а со буџет од 246,9 милиони евра наменет за кофинансирање на проектите од јавниот сектор, тековно се спроведуваат проектот за водоснабдување и одведување отпадни води во општините во Република Северна Македонија, проектот за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, дел на Северна Македонија” и проект за Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од проектите кои се во завршна фаза на подготовка ќе го издвојам проектот Рехабилитација на источниот дел од железничката пруга на Коридор 8, односно третата делница од Крива Паланка – Деве Баир до границата со Бугарија вреден 412,3 милиони евра.

Особено важна е поддршката на Европската инвестициона банка и за малите и средни претпријатија, кои се 99% од сите активни деловни субјекти и имаат голема улога во економскиот раст на земјата.

Во овој контекст, станува многу јасно колку е значајно што Европската инвестициската банка останува со силната поддршка на нашата земја и во претстојниот период.

Отворањето на претставништвото на Европската инвестициска банка во нашата земја е силно охрабрувањето за сите наши планови за одржување и раст на нашата економија.

Уште еднаш упатувам честитки и верувам во уште поблиска и интензивна соработка“, рече премиерот Ковачевски.

 

Next Post

Блинкен со честитки до хрватскиот народ за Денот на државноста

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби за сајбер напади и биолошко оружје

September 11, 2026

СДСМ поднесе закон, Минималната плата да се зголеми на 600 евра

September 11, 2026
New York, NY, September 19, 2001 -- Rescue workers climb over and dig through piles of rubble from the destroyed World Trade Center as the American flag billows over the debris.Photo by Andrea Booher/ FEMA News Photo

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk