Руските пропагандисти и владини претставници гледаат подалеку од Украина и му се закануваат на колективниот Запад на државната телевизија контролирана од Кремљ: „Почна третата светска војна. Очекувајте нè“. Видео снимката од емисијата емитувана на руската национална телевизија, на Твитер ја објави Џулија Дејвис, креаторка на Russian Media Monitoring. -Завршува војната во Украина, но почнува вистинската војна, Трета светска војна. Бевме приморани да спроведеме демилитаризација не само на Украина, туку и на цела НАТО Алијанса, рече водителката на емисијата Спецоперација, Олга Скабеева.
„Ја споменвте Третата светска војна и начинот на којшто Америка и Полска се однесуваат кон Украина. Ние мора да ги запомниме зборовите на Владимир Путин, дека секој што ќе се обиде да се вмеша во „спецоперацијата“, ќе плати многу висока цена“, вели политикологот Владимир Аватков.
На ова Скабаева вели : Ние никогаш не ги заборавивме зборовите на Владимир Владимирович Путин, но има огромен број на луѓе коишто се вмешаа во специјалната операција на Русија на територијата на Украина, а ние мора да размислиме како ќе дејствуваме, без да спроведеме нуклеарен напад.
Russian propagandists and government officials look beyond Ukraine and threaten the collective West on Kremlin-controlled state television:
“WWIII had started.”
“Expect us.”https://t.co/hdQd38L5Yg pic.twitter.com/0jD1dL2sqq
— Julia Davis (@JuliaDavisNews) June 1, 2022
Според членот на Руската Дума, Олег Матвејчев, ако Полска започне некаков вид на воена интервенција, треба да знаат дека сегашните граници се загарантирани во повоените договори.
„Ако ги поминат тие граници, тогаш тие ќе ги анулираат тие пост-воени договори, а со тие договори многу и беше доделено на Полска. Сегашните граници на Полска ќе бидат безвредни. Ако ги преминат границите, нивната иднина ќе види на конец“, вели Матвејчев.
Не зборував само за Полска. Тука се и САД, Велика Британија и цела колона други – рече Скабаева.
Нема потреба од брзање, секој ќе дојде на ред. Сè во свое време – рече Аватков.
Според професорот за Светски политики, Алексеј Фененко, војната во Украина за Руската Федерација била само вежба, стекнување искуство за идни, поголеми конфликти.
„Вежба за можен поголем конфликт во иднина. Ние ќе го тестираме и споредиме НАТО оружјето со нашето, ќе најдеме поле за битка. Колку е посилно нашето оружје од нивното. Тоа може да биде добро искуство за идни поголеми конфликти“, рече Алексеј Фененко.
„За нас, специјалната воена операција е запознавање. Овие војни несе први војни. Во 19 век беше Наполеон, во 20 век Адолф Хитлер. Секој пат, цела Европа ни се обраќаше нам. Тоа ни се случува и сега. Немаме право на грешка. Добро е што сфаќаме дека доаѓа крај на лажењето. Треба да престанеме да се лажеме, да престанеме да го лажеме нашиот лидер и нашиот народ. Време е да бидеме одговорни за нашите зборови и постапки и да продолжиме сите кон целта на нашиот Врховен комадант. Во Светото писмо пишува „што било ќе се повтори, што е направено повторно ќе се направи, нема ништо ново под ова Сонце“. Во 19 век влеговме во Париз, во 20 век влеговме во Берлин, и секогаш ќе доаѓаме кога ќе се обидат да нè понижат и да нè направат слуги. Нема да успеете! Очекувајте нè!, изјави Андреј Картаполов – Член на Руската Дума.
И. Т. З.