По повод Меѓународниот ден на ненасилството, Премиерот Зоран Заев со изјава:
„Во календарот на Обединетите нации, денешниот ден, 2 октомври, е забележан како Меѓународен ден на ненасилството. Секоја година овој ден нѐ потсетува дека наша должност е да ја обезбедиме и негуваме културата на мирот, на толеранцијата, разбирањето и ненасилството.
Наместо насилство, да ги употребуваме ненасилните акции – дипломатијата, дијалогот и моќта на аргументите, затоа што имаме искуства и примери кои нѐ уверија дека можат да бидат моќни алатки и за најсложени прашања и конфликти. За разлика од насилството – кога едната страна е секогаш жртва, кога се решаваат конфликтите и недоразбирања низ ненасилни акции и дијалог – секој е победник.“