ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мизрахи назначила роднина на Соња Тарчуловска и партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ за директори на социјални центри

Со Центарот за социјални работи во Штип, според Мизрахи, требало да директорува Дејан Здравков, човек за кој од социјалните мрежи може да се види дека е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој го промовираше настапот на поранешниот премиер Никола Груевски пред Државната изборна комисија во 2016, кога беше прогласена „ноќта на долгите ножеви“, а тој објави војна со „соросизацијата“.

January 22, 2020 10:15
in ПОЛИТИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Анета Томева, директор на Центарот за социјални работи во Штип. Роднина на Соња Тарчуловска, сопругата на Јохан Тарчуловски од ВМРО-ДПМНЕ, открива А1он.  Ова е само едно од имињата кое техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, без потпис од заменичката Санела Шкријељ ги назначила за нови директори во центрите. Нови директори добија и меѓуопштинските центри за социјална работа во Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.

 

Повеќето се партиски кадри од ВМРО-ДПМНЕ, а на вчерашната седница Владата донесе одлука да ги поништи овие решенија, со оглед на тоа што тие биле донесени без потписот од дополнителната заменичка министерка Санела Шкријељ.

За директор на Центарот за социјални работи во Валандово, Мизрахи го именувала Драги Ѓеоргиев, за кој може да се види дека е партиски кадар од опозициската партија.

Со Центарот за социјални работи во Штип, според Мизрахи, требало да директорува Дејан Здравков, човек за кој од социјалните мрежи може да се види дека е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, кој го промовираше настапот на поранешниот премиер Никола Груевски пред Државната изборна комисија во 2016, кога беше прогласена „ноќта на долгите ножеви“, а тој објави војна со „соросизацијата“.

 

Зоран Малкоски од страна на Мизрахи беше назначен да раководи со Центарот за социјални работи во Прилеп. Токму на Фејсбук профилот на Малкоски може да се види како се споделуваат спомени од 24 декември 2012 – дента кога пратениците од тогашната опозиција, а и новинарите беа насилно отстранети од седницата на Собранието на која се расправаше за буџетот за 2013 година, настан кој предизвика голема политичка криза во чие надминување мораше да се инволвира ЕУ и други меѓународни фактори.

Целиот текст тука.

 

Next Post

Пендаровски-Ривлин: Еврејската заедница во Северна Македонија придонесува за одличната соработка со Израел

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk