ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Осуди за палењето на Центарот за култура „Иван Михајлов“ во Битола, втор ден од работната посета на Генчовска

June 5, 2022 09:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи Теодора Генчовска денеска ја продолжува работната посета на Северна Македонија. Посетата се реализира на покана на министерот за надворешни работи Бујар Османи, а е во функција на дијалогот меѓу двете министерства за адресирање на отворените билатерални прашања, согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, и прашањата за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Во фокусот вчера, на првиот ден од посетата, беше опожарениот Центар за култура „Иван Михајлов“ во Битола. Осуди за палењето на Центарот стигнаа од македонска и бугарска страна, а сите нагласија дека се работи за вандалски чин и порачаа побрзо да се најдат сторителите.

Османи и Генчовска заеднички остро го осудија инцидентот во Битола и најавија дека двете министерства ќе продлжат да наоѓаат заемно прифатливи решенија и да ги унапредуваат билатерталните односи помеѓу двете земји.

-Разговорите протекоа во пријателска и конструктивна атмосфера во функција на продолжување на дијалогот меѓу двете министерства за надминување на отворените билатерални прашања согласно Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и унапредување на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, информира МНР по средбата.

Разговорите, како што истакнаа од МНР, дополнително ќе се интензивираат во периодот кој претстои„ во насока на изнаоѓање заемни решенија за остварување на споделената цел за унапредување на европската иднина на Северна Македонија.

Остри реакции пристигнаа и од бугарскиот државен врв во врска со палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.

-Уште една провокација, варварски чин и дел од долгогодишната антибугарска кампања во Северна Македонија, вака претседателот на Бугарија Румен Радев го квалификува палењето на влезот на културниот центар „Иван Михајлов“.

Порачува дека „институциите во Република Северна Македонија мора да ја сфатат својата одговорност кон помладите генерации и да не дозволат омразата да владее со јавниот простор“.

И бугарскиот премиер Кирил Петков најостро го осуди палењето на Културниот центар „Иван Михаилов“ во Битола кој, како што рече, е обид за провоцирање и дестабилизација на односите со нашите соседи.

Според Петков, бугарската Влада ќе продолжи да работи на заштита на правата на бугарската заедница во Северна Македонија и на поддршката на нејзините активности.  Иднината на регионот, дополни Петков, не треба да биде заложник на обидите за дестабилизација на злонамерните маргинални групи.

Осуди стигнаа и од претседателот на државата Стево Пендаровски и од премиерот Димитар Ковачевски.

-Најостро го осудувам палењето на објектот на културниот центар на бугарската заедница во Битола. Ваквите чинови се провокација и не одат во прилог на унапредување на односите со Бугарија, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Тој ги повика надлежните институции да спроведат брза и детална истрага, да ги преземат сите потребни мерки, да се откријат и санкционираат сторителите.

Според премиерот Ковачевски, во 21 век со палење и опожарување не се постигнува ништо.

-Дадов јасни насоки до надлежните институции веднаш да го расчистат случајот. Ваквите потпалувачки провокации имаат цел да ги нарушат односите меѓу македонскиот и бугарскиот народ. Затоа, повикувам сите да останеме смирени и достоинствени, а со сторителите ќе се справат институциите, напиша на Фејсбук премиерот Ковачевски.

И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ вчера го  осуди инцидентот, велејќи дека претставува директен напад на односите кои ги градат и дијалогот кој го водат со соседна Бугарија.

-Изразувам жалење за денешниот инцидент во Битола. Ваквите мали провокации нема да ги победат искрената заложба и досегашниот труд, кои оваа влада ги вложи во враќање на дијалогот со Бугарија и враќање во нормала односите помеѓу двата народи, стои на Фејсбук профилот на вицепремиерот Маричиќ. Тој посочува дека провокациите не носат добро никому, само ги разгоруваат националните емоции кај граѓаните од двете држави, кои штетат на соработката и добрососедските односи.

Осуда имаше и од МНР, од каде посочуваат дека ова кривично дело не случајно е извршено на ден кога двете држави ќе остварат дијалог во функција на надминување на отворените прашања на патот на евроинтеграцијата на Северна Македонија.

–Ваквиот вандалски напад е уште еден доказ дека има многу актери кои се против постигнувањето на напредок во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија и нашата заедничка европска иднина, велат од МНР.

Опозицијата, пак, смета дека вакви инциденти се случуваат поради нефункционалноста на институциите.

– Бугарија треба да покаже разум и мислам дека треба да го тргнат ветото. Ако сакаат да наоѓаат причини за да го остават ветото можат секогаш да наоѓаат причини, како и во животот можете да најдете причина да со некого сте пријател, можете да најдете 1.000 причини со некого да сте непријател. Тоа е нивниот избор, но треба да се свесни дека од нивниот однос зависи и нашиот однос и односот на граѓаните на Македонија, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола, заедно со екипи на СВР Битола вчера извршија увид на објектот. Според првичните наоди од увидот,  опожарен е влезниот дел од објектот, подигнати се траги од местото за кои јавниот обвинител издало наредба за вештачење.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попис 2021: Една третина од становите во сите големи градови во земјава се празни

НАЈНОВО

фото: Министерство за европски прашања

Муртезани на ГАК во Брисел: Зајакнувајќи ја правната држава дома, Северна Македонија ја зајакнува и ЕУ

September 16, 2025
Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk