ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лавров за одложувањето на посетата на Србија: Одлука без преседан

Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Северна Македонија членството во НАТО и зошто на НАТО му се потребни такви земји – да одржуваат антируска политика и закана, да бидат нивни бази за таква политика, додаде Лавров.

June 6, 2022 14:02
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е без преседан одлуката за забрана за прелет на неговиот авион поради што ја откажа посетата на Србија.

На вонредната прес-конференција, која беше свикана наместо да патува во Белград, Лавров рече дека тоа е политика на двојни стандарди.

– Тие ќе кажат дека тоа им го кажале ЕУ и НАТО, а НАТО и ЕУ ќе кажат дека земјите сами одлучуваат, рече Лавров.

– Нека ви биде јасно, нашите односи со Србија никој, повторувам, никој нема да ги уништи, рече Лавров, додавајќи дека во Москва бил наречен министер за надворешни работи на Србија.

„Се случи нешто незамисливо. На суверена држава и е одземено правото да води надворешна политика. Меѓународните активности на Србија во руска насока се блокирани“, рече Лавров на прес-конференција.

Според него, разговорите во Србија требало да бидат од поширок спектар, а требало да се зборува и за Косово и БиХ.

– НАТО и ЕУ сакаат да го претворат Балканот во свој Балкан, наречен Затворен Балкан и сега ни е тешко да изведеме поинаков заклучок, рече тој.

Според него, политиката денеска е насочена кон антируски правец, а потсети и на „воено-поттикнувачката“ изјава на Жозеп Борел.

– Јасно ви е колку ги чини Црна Гора и Северна Македонија членството во НАТО и зошто на НАТО му се потребни такви земји – да одржуваат антируска политика и закана, да бидат нивни бази за таква политика, додаде Лавров.

Тој потоа рече дека во Белград требало да се одржат повеќе церемонии и состаноци, а една од нив и да се запише во книгата на жалост за ослободителите на Белград и дека планирал пораката што ќе ја предаде да ја посвети на сите граѓани на Србија.

Лавров нагласи дека причините за одложување на посетата на Белград ги анализирале медиумите во Србија и регионот, односно Хрватска, а едната е дека „Лавров е персона нон грата и оти Лавров требало да го престигне Шолц, кој исто така доаѓа во Белград. Тоа го оставам на совеста на тие аналитичари бидејќи е понижувачко“.

– Америка сега може да каже, и тоа така функционира, дека Белград е закана за нивната безбедност, па да го бомбардира, како што рекоа дека Ирак е закана за нив па го бомбардираа, како што рекоа и за Либија, која, како и Ирак, е илјадници километри далеку. Тоа им е закана за безбедноста, а нашето објаснување е јасно, одамна го повторивме, тоа сè се случуваше на нашата граница, ова со Украина, а не некаде таму далеку, но сите тие наши предупредувања, особено до НАТО кој се доближи до границата со Русија, беа игнорирани, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Вистина е и дека Западот сега и аплаудира на Украина, и заборава на се за што предупреди Русија и ѝ испраќа оружје. „Веќе немавме избор и сето тоа веќе го објаснив, сега само ве потсетувам“, додаде тој.

– Но знаете, политиката на ЕУ на Балканот и линијата на ЕУ во Украина се во суштина исти, само на Балканот се поддржуваат оние што ги ограничуваат интересите на Србија, а во Украина се поддржуваат оние што објавија војна на сè што е руско“, нагласи Лавров.

Next Post

Пленковиќ: Не е време да се седи на две столчиња, Србија мора да избере страна

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk