ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Безбедносната состојба во СВР Охрид е стабилна без никакви нарушувања

June 7, 2022 15:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид е мирна, безбедна, стабилна и без никакви индикации за нарушување. Тоа било констатирано на денешната средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со раководството  на Секторот за внатрешни работи во Охрид.

Во изминатите пет месеци од 2022 година, како што забележа, имало исклучително поволни резултати, што, според Спасовски, покажува дека доброто стратешко поставување на МВР и посебно постапувањето на СВР во Охрид ги дава посакуваните резултати.

Споредбено со минатата година за првите пет месеци имаме намален број на кривични дела на подрачјето на СВР Охрид и зголемување на ефикасноста, односно откривачката дејност на полицијата и тоа за повеќе од 10 проценти споредбено со истиот период лани. Ова говори за еден проактивен пристап во делот на безбедносната состојба на подрачјето на СВР Охрид, забележа ресорниот министер.

Во делот на сообраќајот, од почетокот на годината, додаде, се бележи тренд на намалување на сообраќајните незгоди, како во делот со смртни последици, така и со тешки телесни повреди или поголеми материјални штети.

Тоа покажува дека и превентивните акции, што ги преземаме на ниво на МВР, РСБСП и Факултетот за безбедност даваат ефекти, меѓутоа и делот на репресијата, кој е неминовен во однос на сите оние учесници во сообраќајот, кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Ова е многу важно пред почетокот и на оваа туристичка сезона, рече Спасовски.

На средбата, нагласи било разговарано и за подготовките пред туристичката сезона бидејќи, очекува зголемена фреквенција и голем број настани што ќе се одржуваат во Охрид и во Струга.

Апелирам до граѓаните да се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи, сите заедно да помогнеме во поголема безбедност во сообраќајот и на соработка со македонската полиција, бидејќи партнерството покажа и докажа дека дава резултати, додаде Спасовски.

По средбата во СВР Охрид, министерот со својот тим ќе има работна средба и со раководството на Регионалниот центар за гранични работи Запад. /MИА/

 

Next Post

МЗШВ: 7,1 милиони евра кредитна поддршка преку Развојната банка за земјоделските претпријатија

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk