ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пресуда за „Талир 2“

June 8, 2022 08:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Никола Груевски, пред Кривичен, во деновите кога редовно доаѓаше на суд. / фото: Киро Попов/kolektif.mk

Никола Груевски, пред Кривичен, во деновите кога редовно доаѓаше на суд. / фото: Киро Попов/kolektif.mk

Во Кривичниот суд во Скопје денеска во 12:30 часот ќе биде објавена пресудата за случајот „Талир 2“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, и поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје, да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Предметот го води судијката Даниела Алексовска Стојановска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Главната расправа за предметот заврши вчера со завршни зборови на второобвинетот во случајот „Талир 2” Кирил Божиновски кој упати критики до Основниот Кривичен суд – Скопје дека во текот на судењето за овој предмет му се прекршени неговите права. Тој негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека со изведените докази од Обвинителството не е поткрепено обвинението.

Претходно, адвокатот Горан Каркински, кој беше назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Никола Груевски, рече дека во текот на судењето Обвинителството не презентирало ниту еден доказ или сведок, за тоа за што го обвинува Груевски. /MИА/.

Next Post

Париз со целосна поддршка за договор меѓу Скопје и Софија и деблокада на пристапните преговори

НАЈНОВО

Instagram

(ВИДЕО) Фестивалот на балони во Кападокија го освои августовското небо

August 12, 2025
Фото илустрација, генерирано со ВИ

За десет години 2,5 милиони луѓе го напуштија Западен Балкан

August 12, 2025
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Мадона со апел до папата: Посетете ја Газа – децата умираат од глад, нема повеќе време

August 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи: Срам за Владата – работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мегваер: Реалноста е дека не сме најдобриот тим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk