ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Париз со целосна поддршка за договор меѓу Скопје и Софија и деблокада на пристапните преговори

June 8, 2022 08:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Официјален Париз во својство на претседавач на Европската унија дава целосна поддршка за договор меѓу Скопје и Софија кој ќе ја деблокира европската перспектива на земјава. Бугарија порачува дека е заинтересирана нејзините барања да бидат гарантирани преку пристапниот процес и дека нема да подлегне на никаков притисок од надвор кога станува збор за тргање на ветото. За земјава, членството во ЕУ нема алтернатива и ќе продолжи со напорите за надминување на разликите со Бугарија.  

Францускиот претседател Емануел Макрон, завчера по телефонските разговори со бугарскиот претседател Румен Радев и со премиерот Димитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“ властите на Бугарија и на Северна Македонија со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.

Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, „веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји“, потсети Елисејската палата по разговорите со бугарскиот претседател Радев и премиерот Ковачевски, јави дописникот на МИА.

За време на разговорите, Емануел Макрон ја изрази својата „целосна поддршка за договор меѓу двете земји, кој ќе придонесе за добрососедски односи и ќе ја консолидира европската перспектива на Северна Македонија“. Макрон изрази целосна поддршка за договор меѓу двете земји, како и почитување на основните права на граѓаните кои изјавуваат дека припаѓаат на други заедници или на малцинства, велат од Елисејската палата.

Европската перспектива на Република Северна Македонија била тема и на телефонскиот разговор на бугарскиот претседател Радев со помошник-државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, соопшти вчера прес-службата на бугарскиот претседател.

Двајцата го осудиле како недозволиво палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Според Радев, палењето на културниот центар го извршиле луѓе кои се обидуваат да го попречат процесот на евроинтеграција. Донфрид оценила дека целта била да се поткопа преговарачкиот процес меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, коментирајќи го развојот на односите меѓу Скопје и Софија, вчера изјави дека Бугарија нема да прави ништо под притисок во врска со Северна Македонија. Петков истакна дека Бугарија се обидува да види дали нејзините барање и потреби за поддршка на Бугарите во земјава можат да бидат гарантирани преку европскиот процес.

– Ќе оставам на Министерството на надворешни работи, затоа што тие преговараат токму сега. Прашање е дали преку европскиот процес може да се гарантира бугарската позиција, а не некој да не притиска за било што, додаде Петков.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, вчера во Анкара, порача дека за земјава, членството во ЕУ нема алтернатива и дека земјава ќе продолжи со напорите за надминување на разликите со Бугарија, но и за исполнување на критериумите за членство во Унијата.

– Република Северна Македонија го има започнато европскиот пат пред околу 20 години, но за жал и покрај 17-те години активен процес, се уште не ги има започнато преговорите поради различни предизвици што не се директно поврзани со ЕУ и исполнување на критериумите. Еден од споровите што во моментов го кочи тој процес е спорот со Република Бугарија, појасни Османи.

Според него, ова одложување на процесот кај граѓаните на земјава создава незадоволство и разочарување.

– Нашето убедување е дека ова требаше да биде процес заснован на заслуги, односно процес во којшто доколку ги исполнувате критериумите, се движите напред во процесот. Меѓутоа, за нас нема алтернатива затоа што ние сме географски внатре во ЕУ, регион опкружен со земји-членки на ЕУ. Нашата економија е 90 проценти поврзана со ЕУ и оттука нема алтернатива, освен еден ден овој регион да стане дел од ЕУ и ќе продолжиме со тие напори, се разбира надминувајќи ги разликите меѓутоа и продолжувајќи да ги исполниме критериумите, нагласи Османи.

Аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон, во изјава за Гласот на Америка вели дека Северна Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ, и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД. САД, вели тој, треба да реагираат на Балканот каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите.

-Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Тоа е важно да се нагласи. Интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност, кон ЕУ и НАТО, рече аналитичарот.

Осврнувајќи се на Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, прв од таков вид, и влијанието врз регионот, Џозеф смета дека „тајмингот на неговото одржување во Вашингтон не можеше да биде подобар за земјава, затоа што подоцна месецов, ЕУ ќе одржи Самит од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Тирана“.

Во меѓувреме, бугарскиот премиер Петков на официјалната Фејсбук страница на бугарската Влада го поздрави откривањето на сторителот на палењето на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. Тој им се заблагодари на властите во Република Северна Македонија и на премиерот Димитар Ковачевски за ефективно постапување, со што во најбрз можен рок го фатиле пироманот.

-Дефинитивно нема да подлегнуваме на провокации кои имаат за цел да ги саботираат односите со нашите соседи, пишува на ФБ статусот на бугарскиот премиер.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера, информира дека е приведено 34 годишното лице Л.А од Битола, за потпалувањето на влезната врата на културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола на 4 јуни.

–  Имаше опсежна активност на СВР Битола се преземаа многу активности, многу службени разговори се обавени, прегледан е многу материјал од видео надзор не само од објектот, туку и на повеќе објекти и на основа на сите податоци и информации дојдовме до сторителот на ова кривично дело, изјави Спасовски, кој беше во работна посета на СВР Охрид.

Во 2019 година, Емануел Макрон стави вето, со уште две земји членки, на отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, со барање да биде усвоена нова методологија за пристапување во ЕУ. Софија го блокира пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија од ноември 2020 година поради спорови поврзани со јазикот и историјата. /MИА/.

Next Post

Почнува самитот Отворен Балкан, во фокусот туризмот и културата

НАЈНОВО

Лазарини: Повеќе од 40.000 деца беа убиени или ранети во израелските напади

August 13, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Зеленски по состанокот во Берлин: Мојот став за присуството на украинските војници во Донбас останува непроменет

August 13, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Студентите во блокада во Србија најавија собири за вечерва во Белград и во многу градови во државата

August 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Андреј Жерновски. Фото: ФБ

    Паника поради падот од 130.000 гласа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Билјана Ивановска независна кандидатка за градоначалничка на Центар поддржана од Платформата „Независни заедно“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • И сè ова е само почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец, фрлал камења врз хеликоптер што полнел вода за да гасне пожари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ најави дека не може да се кандидира на следните избори и „не му паѓа на памет“ да го менува Уставот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk