ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ескобар: Отворен Балкан да остане економска иницијатива, фокусирана на создавање можности за луѓето од регионот

June 8, 2022 11:56
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

САД ве охрабруваат иницијативата Отворен Балкан да остане економска. Ова не е политички проект, туку е важен економски проект и битно е да остане таков и да се фокусира на создавањето можности за луѓето од регионот и на тој начин ќе имате поддршка, порача денеска во видео обраќањето во Охрид на Самитот Отворен Балкан, заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

Тој најпрво потсети на неодамна одржаниот стратешки билатерален дијалог меѓу Северна Македонија и САД, каде било договорено дека САД ќе направат се што е во нивна моќ да го стабилизираат регионот и да создадат нови можности за луѓето од Западен Балкан.

– САД не го гледаат Западен Балкан од гледна точка на проблемите што се случуваа во 90-те години, го гледаме преку призмата на можностите на 21 век. А можностите на Западен Балкан се огромни. Западен Балкан е благословен со одлична географска позиција, со прекрасни ресурси, но и со голем претприемачки дух и со децении луѓето од Западен Балкан ја градеа мојата земја, ја градеа Европа и поради благодарност го поддржуваме Западен Балкан, затоа што сакаме да им помогнеме на вашите луѓе да го изградат регионот, рече Ескобар.

Тој истакна дека Западен Балкан има потенцијал да биде центар за обновлива енегргија што, рече, ќе ни помогне да се справиме со климатските промени.

– Има капацитет да биде центар за течен природен гас и да и помогне на Европа да се ослободи од зависноста на рускиот гас, може да биде центар и за транспорт, за информатичка технологија, за туризам а на неколку начини веќе е дел од Европа што има најбрз раст, а за неколку години ќе се соочиме со економски предизвици, идејата е да се соочиме со нив заедно, и тоа да ни ги олесни работите, рече тој.

 

Ескобар потенцира дека САД ја поддржуват иницијативата Отворен Балкан и оти нивната поддршка се заснова на неколку работи.

– Прво се работи не само за регионална економска соработка, туку и за интеграција во пошироката европска структура, иако прекуграничната трговија во Западен Балкан е навистина многу важна, главните пазари се европски. Во 70 проценти од вашата трговија веќе се случува со Европа и затоа треба да биде насочено кон поголема европска интеграција. Ние ги поддржуваме сите економски иницијативи што го зближуваат регионот и кои промовираат мир и стабилност меѓу земјите од Западен Балкан, рече тој.

Ескобар нагласи дека САД веруваат оти со цел ова да биде успешно, треба да биде отворено за сите и оти секоја иницијатива за економска интеграција треба да ги вклучува сите шест земји од Западен Балкан на еднакво ниво.

– Ова е прекрасна иницијатива што доаѓа во многу важно време низ историјата и за развој на Западен Балкан. Се надевам дека ќе стане појасно за тоа како би требало да функционира во иднина и затоа имаме неколку препораки за нашите пријатели. Прво, како што споменав има многу можности и иницијативи за интеграција. Затоа ги охрабрувам лидерите на оваа иницијатива да побараат начини за конкретно да го усогласат Отворен Балкан со сите други иницијативи што функционираат во регионот, рече тој.

Тој додаде дека САД го охрабруваат и планот за инстиуционален развој на Западен Балкан.

– Може да има и конкуретни предности со создавање поголема предвидливост за инвеститорите, но најважно создавање можност и институционален развој за институциите што треба да го намалат шверцувањето и избегнувањето плаќање даноци, затоа што потребна ни е економија што ќе им помогне на инвеститорите кои сакаат да работат законски. Исто така ги охрабрувам лидерите на оваа иницијатива да се вклучат повеќе и да внесат повеќе засегнати страни, да се ангажираат отворено со стопанските комори во регионот. Но потребно е да се слушне нивниот глас, затоа што тој е важен во формирањето на политиките и институциите на иницијативата Отворен Балкан, заклучи во своето обраќање заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар.

Подоцна лидерите на земјите учеснички на самитот, предвидено е да потпишаат договор за соработка и меѓусебно признавање дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени институции и меморандуми за разбирање за соработка во областите туризам, култура и даночна администрација во Западен Балкан./MИА/.

Next Post

Кејн се искачи на втората позиција на вечната листа на стрелци за Англија

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

October 25, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk