ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Објавени наградите на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп: „Народен непријател“ на МНТ избрана за најдобра претстава

June 9, 2022 14:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, а во изведба на МНТ од Скопје е најдобра претстава на годинашниот 56. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Оваа претстава се закити и со уште три награди, за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Наградата за најдобра режија ја доби Кендрим Ријани за претставата „Артуро Уи“ во изведба на битолскиот театар, а најдобра женска улога оствари Бедија Беговска во претставата „Вишновата градина“ на турски театар од Скопје.

Претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ освен за најдобра режија, ги доби и наградите за најдобра машка епизодна улога, наградата „Димче Трајковски“за Никола Пројчевски, а за женска епизодна улога е наградена Викторија Степановска Јанкуловска. За најдобра костимографија наградата ја доби Благој Мицевски и за најдобра музика, Тримор Доми.

Наградата за млад актер ја доби Сара Спиркоска од претставата „Декамерон“ на прилепскиот театар, а Лидија Митовска Ѓориевска е добитник на наградата за најдобра современа сценска драматизација за оваа претстава.

Актерот Хакан Даци е добитник на наградата „Трајко Чоревски“ за млад актер од претставата „Вишновата градина“ на Турскиот театар. За најдобар текст е награден Рефет Абази за текстот на истоимена претстава „Јазли“ во изведба на Албански театар од Скопје.

Жири комисијата на МТФ „Војдан Чернодрински“

Фестивалското жири во состав Љупчо Ѓорѓиевски, режисер, Бесфорт Идризи, актер и театарскиот критичар, Сотир Трајков, не ја доделија наградата за кореографија и сценски движења.

Според Ѓорѓиевски претставата „Народен непријател“ во целина ги исполни сите критуериуми за најдобро остварување на Фестивалот.

– Она што нѐ водеше, една главна нитка, или мото при оценувањето е да издвоиме од секоја претстава елемент кој е доминантен. Претставата „Народен непријател“ на некој начин изби на врвот, пред сѐ, со своето уметничко обликување во целина каде речиси сите елементи се целосно обликувани, а потоа и со својата актуелност. Еден текст кој е пишуван пред 140-тина години имам впечаток како да е пишуван денес. Прозвучи актуелно и ненаметливо, како да се случува сега и овде, смета режисерот.

Сотир Трајков, член на жирито, ги нагласува актуелноста на темата и чистиот режисерски концепт.

– Мојата порака до сите режисери и театри е да не се држат до она виденото, туку да истражуваат, рече Трајков.

Наградените Сара Спиркоска и Лидија Митоска – Ѓорѓиевска

Сара Спиркоска од прилепската претстава „Декамерон“ добитничка на наградата за млад актер рече дека е многу среќна за наградата, особено е поттик затоа што е штотуку дипломиран актер.

– Ми се остварува сонот, особено е голема среќата зашто сум штотуку дипломирана. Сакам и сите колеги кои се невработени да им се даде шансата да ги покажат големите таленти, рече Спиркоска.

Лидија Митоска Ѓорѓиевска, добитничка на наградата за современа сценска драматизација се согласува дека наградата е голем поттик.

– Среќна сум што работев во процесот, што режисерот Кочовски ми ја даде шансата и се надевам дека мојот труд ќе биде препознаен понатаму, рече Митоска Ѓорѓиевска.

На сцената од Центарот за култура “Марко Цепенков“ со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените „Боливуд“ на театар „Комедија“ од Скопје вечерва ќе биде затворен 56 МТФ „Војдан Чернодрински.

Next Post

Деспотовски: Поради зголемен обем на производство, очекуваме компаниите да искористат 20 % повеќе гас

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk